Едно лица почина како последица на пожарот кој зафати цистерна во Илинден

February 25, 2023
1 min read

Едно лице вечерва почина откако малолетни лица опожариле вагон цистерна кај железничката станица во скопската населба Илинден. Од Територијалната противпожарна бригада, која интервенираше на местото на несреќата, за МИА изјавија дека има починато лице најверојатно од струен удар на вагон.

Информацијата ја потврдија и од Центарот за управување со кризи од каде информираат дека во 21.05 часот од страна на дежурниот во Македонски железници добиле телефонски повик и пријава дека на железничка станица „Илинден“ има пожар на една цистерна и за истиот биле информирани и БППЗ на Град Скопје.

На терен биле испратени две возила и седум пожарникари. 

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека случајот е пријавен во 21:05 часот во полициското одделение во Петровец.

– Во 21:05 часот во ПО-Петровец, С.К. пријавил дека во населбата Илинден кај железничката станица во складиштето на „Макпетрол“ од страна на малолетни лица е опожарена цистерна. Двете малолетни лица се кај него дома и по извршениот разговор со децата посочено е дека во цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато, велат од МВР.

На местото на несреќата испратени се полициски службеници и се врши увид. Повеќе детали од МВР најавуваат за подоцна

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Tрагедија вечерва во Илинден: Девојче загина, откако малолетници опожариле цистерна

Следно

ДПМ ќе го одбележи Светскиот ден на поезијата со поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop