Една од жртвите во Манчестер по грешка била убиена од полицијата

October 3, 2025
1 min read

Двајца мажи убиени во вчерашниот терористички напад врз синагога во Манчестер се идентификувани како Адриан Долби (53) и Мелвин Кравиц (66). Во шокантен пресврт, полицијата призна дека убила една од жртвите по грешка за време на интервенцијата во синагогата на хебрејската конгрегација во Хитон Парк, пишува Скај њуз .


Шефот на полицијата, Сер Стивен Вотсон, изјави дека една од жртвите била убиена од полициски оган додека полицајците се обидувале да го спречат напаѓачот да влезе во синагогата.

„За жал, неговата повреда можеби е трагична и непредвидена последица од итно потребните мерки преземени од нашите полицајци за да се стави крај на овој свиреп напад“, рече Вотсон.


Се верува дека мажот бил зад вратите на синагогата, во близина на другата жртва која е хоспитализирана со прострелна рана, но е надвор од животна опасност. Двајцата починати мажи се од Крампсал, дел од Манчестер.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Заедно со младите кон подобро Скопје

Следно

Екс-стратегот на Милан најверојатно ќе биде нов тренер на Бензема и Канте

Latest from Blog

Божиновска: Снабдувањето со гориво е сигурно и стабилно за граѓаните

Со оглед на зголемувањето на цените на нафтата на светските пазари и ценовниот притисок што го чувствува целиот регион и светот, снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно. Компаниите располагаат со обезбедени

Проданоски: Првата фабрика за селекција на отпад во Македонија ќе преработува до 10 тони на час

Во Прилеп е во завршна фаза изградбата на фабриката за селекција на отпад, проект кој претставува еден од најзначајните инфраструктурни за модернизирање на системот за управување со отпадот во општината. Станува збор

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП отвора простор за нови економски мерки

13 март 2026, Скопје – Буџетот е ликвиден. Пари се обезбедени навреме и има простор за мерки доколку се потребни. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Само интерву“ на

Над 411 милиони денари капитални инвестиции реализирани во Битола

Денеска заседава Советот на Општина Битола каде на дневен ред е и завршната сметка и годишниот извештај на Општина Битола за 2025 година. Во продолжение Ви го пренесуваме интергрално обраќањето на градоначалникот
Go toTop