Една година од почетокот на руската војна во Украина: Зеленски оптимист дека оваа ќе биде година на победа

February 24, 2023
1 min read

Пред точно една година милиони Украинци се разбудија во војна и за нив повеќе ништо не беше исто

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Годините негирање на Украина и нејзината сопствена државност од страна на рускиот претседател Владимир Путин, кулминираа со воена агресија на Русија врз украинската територија која започна точно пред една година.

По подот на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, во 2014 година, Путин често обвинуваше дека оваа држава е преземена од екстремисти. Во 2021 година, тој почна да распоредува руски војници блиску до украинската граница, но со месеци негираше дека ќе го нападне својот сосед.

Сепак, на 24 февруари 2022, тој ја објави инвазијата нарекувајќи ја „специјална воена операција“. Милиони Украинци се разбудија во војна и за нив повеќе ништо не беше исто.

Првите експлозии се слушнаа во Киев во 3:27 часот изутрина, а потоа одекнаа и низ други делови од земјата.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски првпат се огласи околу 5 наутро потврдувајќи дека неговата земја е мета на ракетни напади од Русија.

Денеска, на годишнината од почетокот на војната, пак, тој се огласи дека ова ќе биде година на победа за Украина. На овој ден минатата година, вели Зеленски, милиони украинци направија избор и избраа отпор и борба.

„24-ти во февруари, милиони од нас направија избор. Не бело знаме, туку сино-жолто знаме. Не бегање, туку соочување со непријателот. Отпор и борба“,

напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Изминатата година, оценува тој, беше година на болка, тага, верба и единство. Оваа, пак, вели, ќе биде година на наша непобедливост и година на наша победа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште една маратонска седница: Пратениците до 2 часот по полноќ дебатираа за новите министри

Следно

Руската инвазија врз Украина една година подоцна – Факти за вистинската цена на војната

Latest from Blog

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска категорично демантираше дека постои каков било договор за прифаќање мигранти. -Сакам да бидам кристално јасен: оваа Влада ниту водела, ниту ќе води

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БУГАРИЈА непосредно пред влезот во еврозоната на 1 јануари 2026

Бугарија се соочува со својата најтурбулентна недела во последниве години, бидејќи повеќе десетици илјади демонстранти, а по некои протести бројката достигнала 150.000, синоќа повторно ги исполнија улиците на Софија и повеќе од

САД гласаа против резолуцијата на ОН за Чернобил

Соединетите Американски Држави неочекувано гласаа вчера на Генералното собрание на ОН против резолуцијата за долгорочните последици од катастрофата во Чернобил. Овој потег го усогласува Вашингтон со Русија, Белорусија, Кина, Северна Кореја, Никарагва

Чорба од спанаќ и тиквици

Многу вкусна чорба, лесна и брза за подготовка Состојки: 1 праз, ситно исецкан 1 голем компир, исечен на коцки 2 средни тиквички исечени на коцки 200 грама свеж спанаќ 3 чаши зеленчукова

Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. – Добро е кога на крајот
Go toTop