„Единствениот прифатлив начин Израел да се согласи на прекин на огнот е преместување и разоружување на Хезболах“

September 30, 2024
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, изјави дека Тел Авив ќе прифати прекин на огнот во Либан само кога Хезболах ќе биде потиснат од границата северно од реката Литани и ќе биде разоружан, јавуваат денес израелските медиуми, пренесува Анадолу.

„Единствениот прифатлив начин Израел да се согласи на прекин на огнот е да го премести Хезболах северно од реката Литани и да го разоружи“, рече Кац во пораката до министрите за надворешни работи од 25 земји, цитирана од израелската јавна телевизија КАН.

Тој тврди дека целосното спроведување на сите резолуции на Советот за безбедност на ОН во врска со Либан „ќе доведе до прекин на огнот“.

„Сѐ додека не се случи тоа, Израел ќе продолжи со своите акции за да ја обезбеди безбедноста на своите граѓани и враќањето на жителите од северот во нивните домови“, додаде тој.

Немаше коментар од Хезболах за изјавите на Кац.

Израел со децении ги окупираше фармите Шеба во Либан, сириската Голанска Висорамнина и палестинскиот Западен Брег.

Израел од 23 септември започна масовни воздушни напади против, како што ги нарекува, цели на Хезболах низ Либан, при што се убиени повеќе од 900 луѓе, а повредени се над 2.700, објави либанското Министерство за здравство.

Во нападот беа убиени неколку команданти на Хезболах, вклучувајќи го и неговиот водач Хасан Насрала, кој беше убиен во петокот во воздушен напад во Бејрут.

Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелската војна во Газа, во која се убиени речиси 41.600 луѓе, главно жени и деца, по прекуграничниот напад на Хамас минатиот 7 октомври.

Меѓународната заедница предупреди дека израелските напади во Либан би можеле да го ескалираат тековниот конфликт во Газа во поширока регионална војна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лефков: Тоа што СДС губи на анкети 5:1 не е оправдување за да го вреѓаат граѓаните со зборот „будали”, веднаш да се извинат

Следно

Малчески: ЕУ да обезбеди гаранција дека Македонија нема да биде блокирана во нејзиниот евро-интегративен пат

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop