Еден загинат во експлозија на „Cybertruck“ на компанијата „Тесла“ пред хотелот на Трамп во Лас Вегас

January 2, 2025
1 min read

Најмалку едно лице загина, а седум се поврдени во експлозија на електричен автомобил „Cybertruck“ на компанијата „Тесла“, на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, што бил паркиран пред хотелот на новиот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, во сојузната ндржава Невада.

Надзорните камери го снимиле возачот додека возел крај хотелот „Трамп“ во Лас Вегас околу еден час пред експлозијата, а потоа се врти и застану пред хотелот, каде што возилото експлодирало неколку секунди подоцна, изјави официјален претставник за Си-Ен-Ен.

Во возилото биле пронајдени експлозивни направи, што полицијата ги опиша како пиротехнички средства, плински боци и гориво за кампување, за кои се верува дека биле поврзани со систем за детонација контролиран од возачот.

Властите истражуваат можни врски помеѓу оваа експлозија и нападот во Њу Орлеанс, каде што осомничениот влетал со камион најмен од Туро во толпа луѓе. Сепак, засега не е утврдена директна врска меѓу овие два инциденти.

За инцидентот се јави и сопственикот на „Тесла“, Илон Маск. „Целиот сенирски тим на „Тесла“ во моментов го истражува овој случај. Ќе објавиме повеќе информации штом дознаеме нешто ново. Никогаш не сме виделе вакво нешто“, напиша Маск на X.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајката на обиколницата во која загина жена, под истрага на Обвинителството

Следно

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Latest from Blog

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Јавниот обвинител Савески оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија

Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и

Сељами: Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација

Поднесена е иницијатива до Владата за законски измени кои ќе овозможат полагање на стручните испити на мајчин јазик, соопшти народниот правобранител Фатон Сељами, на денешната прес-конференција по повод Годишниот извештај за состојбата
Go toTop