Еден процент од децата Роми одат во градинка, шест отсто од вкупни запишаните Роми го завршиле основно училиште

May 16, 2025
1 min read

Ромската заедница продолжува да се соочува со сериозни предизвици, особено во областите на вработување, образование, здравство, домување и граѓанска регистрација велат од Ромалитико.

Потенцираат дека во последниот извештај во сенка кој го изработиле бројот на регистрирани невработени Роми е околу 10%  односно 10.388 Роми. 

Во сферата на образованието, само 472 или 1,3% од децата кои се запишани во јавни градинки во учебната 2024/2025 година се Роми, а 150 од нив се ослободени од партиципација како дел од владините мерки за социјално ранливи семејства. Во делот на здравството, 19 Ромски здравствени медијатори беа активни во 2024 година, но буџетот за оваа програма е целосно укинат во 2025 година. 

Домувањето и натаму останува една од најкритичните области. Народниот правобранител известува дека семејства со деца живеат во екстремно нехумани услови во објектот на ЈУ „Ранка Милановиќ“ во Скопје – без вода, струја и основни услови за живот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Завршија разговорите на високо ниво меѓу Турција, Русија и Украина под водство на турскиот министер Фидан

Следно

Самит на европската политичка заедница во Tирана

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop