Еден од осомничените за грабнувањето на Самоил Костадиновски фатен на Табановце и спроведен во Шутка

1 min read

 

Александар Трпковски, еден од осомничените за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски вчера бил фатен на граничниот премин Табановце. 

Трпковски беше во бегство и се бараше со меѓународна потерница, а од Министерството за внатрешни работи ја потврдија веста дека лицето било фатено и дека е спроведено во затворот во Шутка.  

-На 30.09.2024 на граничниот премин Табановце бил лишен од слобода А.Т. од Скопје по чл.123 во врска со член 19 од кз и член 141 од КЗ и е спроведен во КПУ затвор Скопје, велат од МВР. 

Самоил Костадиновски е пријавен за исчезнат на 4 март 2023 година, а исчезнувањето го пријавил неговиот брат кој кажал дека тој не се вратил дома и дека телефонот му е исклучен.  

Пролетта беше изречена пресуда за неговото грабнување, но јавноста повторно не доби одговор што се случило со Самоил. Осудени беа две лица на релативно ниски казни, но случајот не е решен.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Израелските воени авиони го уништија седиштето на ТВ каналот Ал-Сират во предградието на Бејрут

Следно

Стано: Заканите кон новинарите на Танјуг се неприфатливи, случајот мора да се истражи

Latest from Blog