Движењето Беса ја обвини власта: Албанските населени места без автопати, на Владата приоритет казината

1 min read

реклама


Движењето Беса ја обвинува владејачката партија ДУИ дека наместо да гради автопати во албанските населби, продолжува да се фокусира на казината. Додека Северна Македонија е поврзана со автопатишта со Грција, Бугарија и Србија, автопатот Кичево-Охрид и понатаму останува нереализиран, рече портпаролката на Беса.

„ Груби пред неколку месеци изјави дека ќе мора да го раскинат договорот со Кинезите без да даде детали. Но по оваа изјава се молчи! Јавно ги прашуваме Груб и Ковачевски: Дали продолжуваат да преговараат со кинеската компанија за тоа како ќе злоупотребат стотици милиони евра повеќе, под изговор дека ќе го градат автопатот? Но, додека оваа влада размислува како да краде од автопатите и да инвестира во казина, Северна Македонија останува без автопат со Албанија“, вели Љуљзиме Амети.

реклама

Претходно

Славе Ѓорго Димоски: За жал во ова време-невреме, повеќе се грижи јазикот за нас, отколку ние за него

Следно

ФОТО: Крива Паланка блесна – новогодишната магија се чувствува во градот!

Latest from Blog