Двете нови државни награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“ на разгледување пред пратениците во Собранието

June 13, 2023
1 min read

Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди и едногласно одлучи дека е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање. Со донесувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, се предвидува востановување на две нови државни награди, „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“.

Пред членовите на собраниската комисија, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска нагласи дека со овој предлог-закон ќе се овозможи во Република Македонија да се оддава општествено признание на поединци, групи лица, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани кои со својата активност дале придонес кон промоцијата, заштитата и унапредувањето на македонскиот јазик, односно да се оддава општествено признание на поединци, групи лица, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани кои со својата активност дале придонес кон промоцијата, заштитата и унапредувањето на албанскиот јазик и албанологијата.

Со донесувањето на Предлог-законот ќе се утврди денот кога ќе се доделува државната награда „Блаже Конески“, односно се предлга тоа да биде 19 декември – денот на раѓањето на Блаже Конески, и денот кога ќе се доделува државната награда „Ремзи Несими“ – 25 декември, денот на раѓањето на Ремзи Несими.

Во согласност со Предлогот, стручните, финансиските и административните работи во врска со доделувањето на наградите „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“ се предлага да ги врши Министерството за образование и наука. Со овој предлог се утврдува дека во текот на една година да може да се доделат најмногу две награди „Блаже Конески“ и најмногу две награди „Ремзи Несими“.

Паричниот износ на наградите се предлага да изнесува пет просечни плати исплатени во Република Македонија во последните три месеци во тековната година.

Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди е подготвен по доставени: Иницијатива од Советот за македонски јазик, со која се предлага да се востанови нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања во областа на македонскиот јазик и Иницијатива од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, со која се предлага да се востанови уште една нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик и албанологијата во земјава.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Здравствените работници во Белгија протестираат против лошите услови за работа

Следно

(ВИДЕО) Вмровец „за“ Бугарите во Уставот и сдсмовец „за“ влада на национално единство

Latest from Blog

Божиновска: Поевтина струја од ЕСМ, конечниот збор за горивата го има Регулаторна

Производството на електрична енергија е стабилно, а ЕСМ обезбедува сигурно снабдување по пониски продажни цени, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Една од најголемите светски компании за трговија со енергенси и суровини и мнозински сопственик на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“  „Трафигура“, склучи договор за кредит од 1,5 милијарди американски

Над 42,5 милиони денари промет на Берзата, најголем дел преку блок со „Авто гума“

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.854,91 поени. Во однос

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

Колку потрошувачите знаат за млекото што секојдневно го пијат? Повеќето ја проверуваат масленоста на амбалажата, го избираат посакуваниот производ и продолжуваат со купувањето. Но, бројката на пакувањето не ја раскажува целата приказна.

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено
Go toTop