Дванаесетти протест „Србија против насилството“ во Белград

July 22, 2023
1 min read

За разлика од претходните недели, на денешниот протест имало помала излезност поради најавите за невреме. Меѓу останатите, на денешниот протест во Белград се обратил и студент кој на протестот го прекинал петдневниот штрајк со глад кој го започнал на 17 јули поради игнорирањето на барањата од протестите од страна на власта

И покрај дождот кој вечерва го зафати Белград, граѓани излегоа на дванаесеттиот по ред протест „Србија против насилството“. Протестниот марш почна пред зградата на српскиот парламент, продолжи до седиштето на Регулаторното тело за електронски медиуми, а заврши пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС).

Фото: Н1

Учесниците на протестот, чии технички организатори се партиите од проевропскиот блок, бараат разрешување на сите членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми, затворање на медиумите кои го прекршуваат новинарскиот кодекс, одземање на националните фрекфенции на телевизиите Пинк и Хепи, како и смена на раководството на јавниот сервис РТС.

За разлика од претходните недели, на денешниот протест имало помала излезност поради најавите за невреме.

Српските медиуми јавуваат дека меѓу другите, на денешниот протест во Белград се обратил и студент кој на протестот го прекинал петдневниот штрајк со глад.

Димитрије Димиќ (23) студент на Правниот факултет во Ниш / Фото: Н1

Димитрије Димиќ, студент на Правниот факултет во Ниш, на 17 јули го почнал штрајкот со глад пред Претседателството на Србија во Белград поради игнорирањето на барањата од протестите од страна на власта.

„Господине претседателе, ве молам како човечко суштество да ги исполните барањата од протестот. Народот ова нема да го толерира“,

рече Димиќ пред насобраните граѓани.

Протестите „Србија против насилството“, на покана на некои опозициски партии, се организираат еднаш неделно и ја претставуваат реакцијата на граѓаните и опозицијата на одговорот на државата по двете масовни убиства што се случија на почетокот на мај годинава.

Првите протести беа организирани на 8 мај во Белград, Нови Сад и уште неколку градови, непосредно по двете масовни убиства во кои загинаа 17 лица, главно деца и млади.

Власта тогаш ја обвини опозицијата дека со протестите ја политизира трагедијата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Временско слепило“ измислија

Следно

ВИДЕО: Хаос и во Босна и Херцеговина, невремето парализираше делови од државата

Latest from Blog

СДСМ: Владината мерка за објавување цени на веб-страници е нефункционална и бесмислена

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја критикува владината мерка со која маркетите се задолжени да ги објавуваат цените на своите производи на веб-страници, оценувајќи ја како нефункционална и „целосно неупотреблива алатка“. „Откако

Почина Тоше Поп Симонов – долгогодишен музички автор и продуцент

Познатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов почина денеска, а зад себе остави плодна и значајна кариера во македонската и регионалната музичка сцена. Во текот на својата работа, Поп Симонов соработуваше

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОМПОЗИТОР И МУЗИЧКИ ПРОДУЦЕНТ ТОШЕ ПОП-СИМОНОВ

Тоше Поп-Симонов, еден од најзначајните композитори, продуценти и аранжери во современата македонска музика, почина на 63 години. Поп-Симонов ја почна својата музичка кариера во 1980-тите, при што беше еден од основачите и
Go toTop