Двајца загинати во пожарот во северниот дел на грчкиот остров Пелопонез

September 30, 2024
1 min read

Две лица го загубија животот во големиот пожар во северниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во близина на градот Ксилокастро, а противпожарните сили цела ноќ се бореа со огнените јазици, додека утрово ситуацијата е подобрена, јави дописничката на МИА од Атина.

Доцна синоќа им се загубила трагата на двајца мажи на возраст од 35 и 40 години, кои, според грчките медиуми, тргнале да помогнат во пожарот, а рано утрово биле пронајдени две јагленосани тела и веројатно се работи за исчезнатите, меѓутоа ќе следи и процес на идентификување.

Пожарот избувна вчера во близина на Ксилокастро, а поради силниот ветер брзо се прошири и зазеде големи размери.

Од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите за евакуација на најмалку пет села што се во близина на пожарот.

Интервенираат над 300 пожарникари со 15 пешадиски тима, 110 возила, како и пет авиони и четири хеликоптери, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.

Префектот на Пелопонез Димитрис Птохос за „Катимерини“ рече дека станува збор за пожар кој брзо излезе од контрола поради многу силниот ветер, додека пак денеска интензитетот на ветерот е намален и гаснењето продолжува.

– Изгоре голема површина шума, но во моментов не можеме да ја процениме во хектари. Исто така изгореа и некои викендички, дополнително ќе се пребројуваат, истакна префектот.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Микати: Поради израелските напади еден милион Либанци ги напуштија домовите

Следно

Поминаа 24 часа, СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече „будали“

Latest from Blog

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните

Божиновска: Имаме добра хидролошка состојба, акумулациите се на 70 проценти

Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека домашните акумулации во моментов се исполнети околу 70 проценти, што, како што истакна, овозможува сигурно управување со расположливиот хидропотенцијал и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем.

Реал Мадрид го потврди трансферот на Диоманде

Повеќе нема дилеми дека досегашниот член на Ред Бул, Јан Диоманде се сели во Мадрид, и потпишува за тимот на Реал. Оваа информација ја потврдија и „Кралевите“ со официјално соопштение по повод

МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата

Меморандумот го потпишаа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска. Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на
Go toTop