Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025
1 min read

Од грчката полиција соопштија дека по темелна истрага на полициската станица Касандра, беа расветлени вкупно 13 кражби во различни делови на Халкидики.

Уапсениот бил откриен додека управувал возило што со неговиот соучесникот претходно го украле од крајбрежна област на Халкидики, а откако не одговорил на наредбите на полицијата, се обидел да побегне пеш, но брзо бил фатен.

Според истрагата, уапсениот и неговиот соработник претходно украле чанта од лице кое било на плажа, во која имало 1.500 евра, 200 романски леи, 100 бугарски лева, мобилен телефон и клуч од возило, кое потоа било украдено од местото каде што било паркирано.

Соучесникот, исто така државјанин на Грција, кој е во бегство, но е идентификуван, во понеделникот бил забележан додека управува украдено возило, кое заедно со уапсениот го украле на 27 август 2025 година од двор на куќа во Халкидики.

При полициски сигнал за запирање, со голема брзина возел кон полицаецот, но без да го повреди, по што избегал.

– Понатамошната истрага на полицијата откри дека, од крајот на јули до почетокот на септември, двајцата мажи, дејствувајќи заедно, извршиле уште 12 кражби во различни области на Халкидики, а поконкретно: шест кражби од туристички сместувачки капацитети, каде што во еден случај отстраниле и паркиран автомобил со клучот што го украле од туристичкиот објект; две кражби од куќи, при што од една украле и паркиран автомобил од дворот; две кражби на торби од капачи, а во едната имало клуч од автомобил, со кој го украле и паркираното возило; една кражба на чанта од пешак и една кражба на мотор, соопштија од грчката полиција.

Во извршените 13 кражби одзеле вкупно четири автомобили и еден мотор, 5.595 евра, 1.850 српски динари, 1.000 долари, 500 швајцарски франци, 600 бугарски лева и 200 романски леи, накит во вредност од над 10.000 евра, два часовници и два пара очила за сонце, два мобилни телефони, како и банкарски картички, документи и други предмети.

Паралелно искористиле три од украдените банкарски картички и подигнале 1.320 евра од банкомат.

Кај уапсениот биле пронајдени и одземени 380 евра и 1.850 српски динари, кокаин со тежина од 0,6 грама, два клуча од возило и два мобилни телефони.

Од грчката полиција информираа дека украденото возило што го управувал уапсениот, како и дел од украдените предмети им биле вратени на сопствениците./МИА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристовски: Самитот „Скопје 2025“ ја потврдува важноста на спортот во создавање просперитетно и современо општество

Следно

Божиновска: За првпат годишен план за изградба на енергетски капацитети

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop