Два дена до петочниот американско-руски самит на Алјаска

August 13, 2025
1 min read

Трамп на виртуелен самит со Зеленски и лидерите на ЕУ – Путин во телефонски разговор со Ким Џонг Ун. Пред средбата во петок на Алјаска, Вашингтон и Москва прават шаховски политички потези – експертите скептични, ЕУ повикува на фер договор. 

Откако Трамп порача дека и Русија и Украина ќе мора да се откажат од дел од територија во интерес на мировен договор, што беше отфрлено од Зеленски, денеска преку видео врска американскиот претседател разговара со украинскиот претседател,  лидерите на Унијата и генералниот секретар на НАТО. Кратко пред почетокот на самитот, Трамп на социјалните мрежи порача…

Доналд Трамп претседател на САД – За кратко време ќе разговарам со европските лидери. Тие се одлични луѓе кои сакаат да видат постигнат договор.

А Зеленски пристигна во Берлин – слета со хеликоптер пред канцеларијата на канцеларот, каде лично го пречека Мерц, заедно во обид да ги намалат стравувањата дека Путин ќе издејствува дипломатска победа над Трамп во петок.  Зеленски очекува да се изврши притисок врз Русија. 

Володимир Зеленски претседател на Украина – Искуството на Украина и на нашите партнери мора да се искористи за да се спречи измама од страна на Русија. Во моментов, нема знаци дека Русите се подготвуваат да ја завршат војната. Нашите координирани напори и заеднички акции – на Украина, САД, Европа и сите земји што бараат мир – дефинитивно можат да ја принудат Русија да склучи мир. 

Шефицата на европската дипломатија Калас, пак, изјави дека Путин нема намера да преговара ниту да ја заврши војната, туку сака да ги одложи санкциите кон Москва и да се фотографира со Трамп. 

И додека повеќето аналитичари испраќаат пораки дека не очекуваат да се случи чудо во Алјаска, Трамп денеска на социјалните мрежи им порача дека се , како што кажа – отпуштени губитници и глупави луѓе кои шират лажни вести.

Во меѓувреме Москва објави дека украинските сили планирале саботажа, а вината би ја префрлиле на Русија –  со цел да се минира средбата во петок. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

Следно

Поранешниот албански претседател останува во притвор, одбиено неговото барање за поблаги мерки

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop