Два билошки лекови за онколошките пациенти ќе бидат донирани, останатите достапни за 10-на дена

January 22, 2025
1 min read

Два билошки лекови што ги нема на онкологија, пациентите ќе ги добијат неделава преку донации, а останатите ќе се набават преку анекс договори со производителот и се очекува да пристигнат за десеттина дена. 

Вака ќе се решава моменталната криза со недостигот од биолошката терапија на државната клиника, откако вчера онколошките пациенти алармираа дека од крајот на минатата недела нема дел од лековите за пациентите со метастазиран канцер. 

Проблемот со недостигот од терапии кој постојано се јавува не е финансиски туку е организациски тврди Клековски. Државата не знае колку пациенти има и на колку им е потребна биолошка терапија, за што мора да се направи регистар. 

А зошто досега не е направен таков регистар – Клековски ги обвини клиниките дека одбивале да го направат тоа. 

„Не е комплицирано да се направи регистар, ама има отпор, јасно ви е вас. Знаете од кого, од клиниките. Зошто клиниките прават отпор? Тоа нив ќе ги прашате. Ама класичното што го кажуваат е „дека нема кој да пополнува“. Ќе инсистирам да направат регистар. Не можеме да продолжиме да финансираме нешто што не е јасно и не е транспарентно“…. 

Во фондот за здравство денеска се одржа и средба со директорите на клиниките. Ќе се бара решение да се поедностават и бирократските процедури при спроведувањето на тендерите. 

Директорот на онкологија вели дека бројот на пациенти постојано расте и додека не се направи регистрар проблемот може да се повторува… 

Во меѓувреме критики од опозициските партии до власта. СДСМ го прозва минситерот за здравство Арбен Таравари.

СДСМ: 

Додека министерот за здравство се шета по САД и објавува слики од рекламни паноа, пациентите на Клиниката за радиотерапија и онкологија се оставени без биолошка терапија. Ова е недозволиво и е уште еден доказ за неспособноста на владата на Мицкоски и министерот Таравари да се справи со елементарните потреби на граѓаните и здравствениот систем 

Реагираа и од Левица. „Министерот Таравари, кој помпезно најавуваше реформи во јавното здравство со кои би се надминале овие проблеми – од почетокот на владеењето до денес нема преземено никакви суштински активности како министер“, се вели во реакцијата. 

Додека властите најавуваат решенија, а опозицијата критикува, пациентите на онкологија повеќе од една недела се оставени во исчекување дали ќе добијат терапија, која за нив живот значи. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мозаик стар 2.200 години и гробница стара 1.800 години откриени во античкиот турски град Асос

Следно

Напад со нож во парк во Баварија, двајца мртви, а осомничениот е уапсен 

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop