ДУИ бара мониториран ветинг за секој политичар во последните 30 години

August 8, 2024
1 min read

Ден по централното претседателство на ДУИ во партиското седиште во Мала Речица од каде порачаа дека не ја исклучуваат можноста за протести наесен од партијата  денеска со соопштение во кое бараат веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години. Според нив овој процес треба да биде транспарентен и независен, со вклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правда и доверливост.

„Стравот од целосен ветинг не се покрива со небулозни соопштенија. Јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност кон борбата против корупцијата. Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години“, додаваат од ДУИ.

Според нив овој процес треба да биде транспарентен и независен, со вклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правда и доверливост.

„Секое доцнење и одбивање само покажува дека гласноста за борбата против корупцијата е обид за прикривање на сопствената корупција“, завршуваат од ДУИ

Од владејачката ВМРО ДПМНЕ чиј партиски лидер го   лиферуваше во јавноста наводниот план за дестабилизација од страна на ДУИ  реагираат дека партијата на Ахмети не може да се помири со тоа што не се повеќе власт и тоа што нивните блиски повеќе не може да вртат милионски бизниси на грбот на државата…Додека народот врзуваше крај со крај, синот на Муса Џафери тргуваше струја, а МЕПСО на него и на неколку други фирми им отпиша долг од 14 милиони евра, додека народот се иселуваше внуците на Ахмети  ја преземаа Соравија, влегуваа во бизнисот со струја и во рудници, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Разнобојни балони на топол воздух од целиот свет го красат турското небо над Кападокија

Следно

Иран ко Иран

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop