Државниот обвинител на Косово: Имаме две години да покренеме обвинение за нападот во Бањска

June 5, 2024
1 min read

Вршителот на должноста главен државен обвинител на Косово, Бесим Кељменди, денеска изјави дека обвинението за вооружениот напад во Бањска не е поднесено бидејќи, како што рече, според законот, рокот за поднесување на обвинителниот акт е две години, со можност продолжување за уште една година.

-Законскиот рок за поднесување обвинение е две години, со можност за продолжување во сложените случаи за уште една година, но судот го бара тоа, изјави Кељменди за приштински медиуми, пренесе Бета.

На 24 септември 2023 година, вооружена група од Србија, предводена од Милан Радојчиќ, нападна во Бањска Косовската полиција и го уби наредникот Африм Буњаку. Косовската полиција одговори на тој напад со убиство на тројца членови на вооружената група. Радојчиќ побегнал во Србија и признал дека стои зад нападот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Водечки научници предупредуваат: Глобалното затоплување забрзува со невидено темпо

Следно

Шакири за ТВ 24: Една политичка партија не може да се заканува на уставниот поредок и државата

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop