„Државни патишта“ повлече 50 милиони евра за автопатот Кичево-Охрид

February 5, 2024
1 min read

Државата ќе повлече нови 50 милиони евра од кинеската Ексим банка, за продолжување на работите на автопатот Кичево-Охрид. Ова е предвидено со годишната програма за 2024, на Јавното претпријатие државни патишта.

„Предвидените средства во програмата на ЈПДП за 2024 година се средства од веќе обезбедениот заем од Ексим банка за изградба на автопатот Кичево -Охрид кои мора да бидат предвидени во програмата за да може да се повлечат од сметката“, велат од ЈПДП.

Од таму велат дека преговорите со изведувачот за склучување на анекс на договор за продолжување на рокот на изведба се уште траат. Со тоа уште колку години ќе се гради автопатот Кичево- Охрид, никој не кажува откако последиот рок до 31 декември 2023 беше пробиен. Владата на седницата на 28 декември донесе одлука, Кинезите да продолжат да го градат автопатот.

„Одлуката е донесена по информацијата од Јавното претпријатие за државни патишта, базирана на доставени наоди од главен надзор и надзор на тунел, дека поради реални причини, има потреба од продолжување на крајниот рок, 31 декември 2023 година, за изведба на градежните работи на овој автопат, а при тоа земајќи го предвид фактот за досега реализираниот висок степен на физички извршените работи и решени отворени прашања. Првичниот проект за автопатот Кичево – Охрид, како што е оценето, беше со бројни пропусти во проектирањето, но во голем дел тие се надминати и во континуитет се создаваат услови за негово завршување“, рекоа од Владата.

Во меѓувреме граѓаните продолжуваат да возат по небезбеден и несоодветен обележан пат.

„Ние со самото излегување на овој автопат сме небезбедни.Самата сигнализација и хоризонтална и вертикална малку влијае за безбедноста на сообраќајот“, рече Љупчо Милкоски, експерт по безбедност.
Од почетокот на градбата до денес, имало дури 105 посериозни сообраќајни несреќи, во кои загинале 22 лица, а 128 се здобиле со тешки повреди. Автопатот е долг 57 километри и почна да се гради во 2014 година.

Мики Трајковски

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДОЗНАЈТЕ: Дали вашето дете има висока емоционална интелигенција?

Следно

Земјоделците од Лерин одржаа мирен протест на границата со Северна Македонија

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop