Дрон се урна во Санкт Петербург: Нема повредени ниту материјална штета

January 31, 2024
1 min read

МОСКВА / ИСТАНБУЛ (АА) – Во индустриската зона во Санкт Петербург денес падна дрон, потврди гувернерот на вториот по големина град во Русија, пренесува Анадолу.

„Во текот на ноќта, жителите на населбата што се наоѓа во близина на автопатот Глухозјорскје слушнале силен татнеж. Инцидентот се случи во индустриската зона во Невскиот Регион“, објави Александар Беглов на Телеграм.

Беглов додаде дека во експлозијата немало настрадани, ниту е причинета материјална штета, додавајќи дека истрагата за настанот е во тек.

„Градската управа работи во соработка со агенцијата за спроведување на законот“, рече Беглов.

Повикувајќи се на неименуван извор од украинската специјална служба, новинската агенција РБС-Украина тврди дека одбранбената разузнавачка служба на земјата стои зад беспилотното летало што се урнало на територијата на Рафинеријата за нафта во Невски.

Украинските официјални лица сѐ уште не потврдија каква било вмешаност во инцидентот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ одржал итен состанок поради одлуката на Курти за забрана на динарот во Косово

Следно

Француските земјоделци со трактори се упатија кон Париз

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop