Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството позади трговскиот центар „Мавровка“

March 13, 2025
1 min read

Основниот Кривичен суд Скопје го осуди на доживотен затвор Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје на 20 август минатата година.  

Судијката Моника Бахчовановска, пред објавата на пресудата прочита вештачење од психијатар на обвинетиот, во кое се оценува дека е психички здрава личност со нормална интелигенција. 

– Вештачењето покажува дека од увидот во казнената евиденција од 16 години е осудуван за кражби, насилство, сообраќајки, фалсификување…, а, имал и пресуди во странство. Од почетокот на адолесценцијата имал проблеми и асоцијалност, изразено непочитување на социјални норми и невозможно одржување на трајни релации, ниска толеранција и склоност кон насилство. Кога го сторил кривичното дело бил во секој момент пресметлив и со уредно психичко здравје, изјави судијката Бахчовановска. 

Според обвинението, лицето се товари за убиство, убиство во обид и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи. 

Според ОЈО Скопје, обвинетиот, на 20 август 2024, позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, од користољубие, со истрел од огнено оружје – пиштол, го лишил од живот оштетениот Васил Ефтимов, по што со пиштолот се заканил и на неговата сопруга и ја одзел од неа торбата која таа ја носела на нејзиното рамо и една гајба во различни бои покриена со шаторско крило во која имало различен рачен алат, а која оштетените ја имале во возилото. Подоцна во текот на истиот ден, кога полициски службеници го пресретнале обвинетиот заедно со уште едно лице во автомобил на улицата „Стојна Стефкова“ во Скопје, тој излегол од совозачката врата и кон четворицата полицајци испукал 3 проектили во обид да ги лиши од живот. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тајмлапс-снимка ја доловува убавината на Момината кула на изгрејсонце во Истанбул

Следно

Константинос Тасулас и официјално претседател на Грција

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop