Доживејте ја убавината на Истанбул во златниот сјај на септемвриското сонце

September 1, 2024
3 mins read

ИСТАНБУЛ (АА)

Истанбул, гламурозната метропола на Туркије, во овој период од годината ги повикува туристите на уникатно патување во златниот сјај на септемвриското сонце.

Истражете ги чудата на архитектурата, доживејте ја неговата динамична страна со возбудливи настани и уживајте во извонредната храна. Истанбул е особено привлечен и нуди извонредни искуства во овој период од годината, известува Анадолу.

– Талкање низ историјата

Често окарактеризиран како „место на средба на Азија и Европа“, Истанбул беспрекорно ги соединува древните шепоти со модерните иновации.

Не е невообичаено да се видат зачудувачки историски локации, модерни градби, прекрасни облакодери и отомански вили една до друга во речиси секој агол од градот.

Септември е најдобро време за откривање на историското богатство на градот, далеку од гужвите во шпицот на сезоната.

Историското подрачје на Истанбул, кое е вметнато на листата на УНЕСКО и ги штити најпознатите симболи од долгата историја на градот, се најпосетуваните локалитети на метрополата.

Големата чаршија (Капали чарши), џамијата Сулејманије, Света Софија, цистерната Базилика, Сината џамија, палатата Топкапи и многу други атракции ве чекаат да ги откриете.

– Прекрасни панорами

Прекрасниот Босфор, едно од најлегендарните водени површини на светот, е прекрасен спој на истокот и западот во Истанбул. Овој моќен теснец маѓепсува со својата убавина во секое годишно време.

Богат турски појадок со поглед на Босфорот е несомнено уникатно искуство кое не можете да го доживеете никаде на друго место.

Можете да пловите по неговите води со тури кои тргнуваат од местата како што е Еминону и да им се восхитувате на историските палати и вили покрај брегот, познати по нивната убавина и уникатна архитектура.

Можете да уживате и во зајдисонцето над морето од многуте видиковци на градот, како што се кулата Галата, Момината кула, Анадолу Хисар и Пјер Лоти, кои се свртени кон Златниот рог на Босфор.

Од сите агли, Босфорот ќе ви го покаже единствениот шарм на Истанбул како град во кој се соединуваат два континента.

– Богатство на култура

Одлична атракција за туристите во Истанбул претставува посетата на неговите важни музеи кои ви презентираат уникатна перспектива на културата, уметноста и историјата на градот.

Сè што треба да направите е да ја земете пропусница ‘Istanbul Musem Pass’ и да се подготвите за истражување на културното богатство. Пропусницата ви овозможува пристап до некои од најпознатите музеи, вклучувајќи ги и Истанбулскиот археолошки музеј и џамијата Карије.

Покрај тоа, треба да го посетите и ‘Istanbul Modern’, првиот музеј за модерна уметност во Туркије, кој се наоѓа во комплексот Галатапорт.

– Динамичен градски дух

Септември доаѓа во Истанбул со полн распоред. Во овој период енергијата на градот доаѓа до израз бидејќи локалното население и туристите учествуваат во широкиот спектар на активности, од концерти до изложби, филмски проекции и кулинарски фестивали.

Можете да го проверите календарот на септемвриските активности на центрите за модерна уметност, како што е ‘Културниот центар Ататурк’ и да си резервирате билети за разни настани пред да го посетите Истанбул.

Крајот на септември во исто време го означува и почетокот на најголемиот и највозбудлив настан во градот, културниот фестивал ‘Beyoglu Culture Route’.

Доколку бидете во Истанбул до 6 октомври, во рамките на фестивалот можете да присуствувате на голем број културно-уметнички настани во истанбулскиот кварт Бејоглу.

Покрај тоа, љубителите на јахти не би сакале да го пропуштат Купот на Босфор, возбудлива регата на едрилици што се одржува секоја година во Босфорскиот теснец.

Оваа година настанот ќе се одржи од 19 до 22 септември, ветувајќи одлична забава, настан во кој се натпреваруваат едрилици од целиот свет.

Можете да се приклучите и на социјалните настани како што е ‘Купот на Босфор’ следејќи ја незаборавната трка од брегот или ридовите на Истанбул.

– Кулинарски раскош на Истанбул

Како и самиот град, кулинарските опции на Истанбул се разновидни и уникатни. Ќе откриете богат спектар на гастрономски деликатеси, од улична храна до врвни ‘fine dining’ ресторани.

Можете да ги откриете класичните, но и иновативните гастрономски места на град во кој младите готвачи создаваат чуда, а покрај одличната храна можете да уживате и во најдобрите турски вина.

Истанбул се наоѓа во водичот на Мишелин, што го докажува неговиот статус на гастрономски град.

Рестораните со ѕвездите на Мишелин ги покануваат своите гости во вкусниот свет на софистицирана храна и стилска услуга.

Без разлика дали се работи за уживање во традиционални турски специјалитети или им се препуштате на авангардните кулинарски креации, гастрономската сцена во Истанбул ветува гозба за сите сетила и незаборавна гурманска авантура.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Словенија: Бледскиот стратешки форум ќе се одржи на 2 и 3 септември

Следно

Новата учебна година почнува за 245 илјади основци и средношколци, бројка намалена за 17 илјади во изминатите седум години

Latest from Blog

Мерино повторно е „џокер“ на Шпанија, селекторот Де Ла Фуенте има огромна заслуга за победата

Мечевите од осминафиналето на тековниот Мундијал помеѓу селекциите на Шпанија и Португалија односно САД и Белгија за Спортспорт, ги анализира Горазд Михаилов. Тој смета дека Шпанија оди во понатамошната фаза, не само

Истрагата во Монако добива пресврт: ОСОМНИЧЕНАТА БЕРЕЗОВСКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕНА

Телото на жената осомничена за убиството на украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев во Монако е пронајдено во близина на Киев, објави „Украинска правда“, повикувајќи се на извори во органите на родот. „На 6

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга, раскажуваат очевидци на настанот за Инфомакс. Лицето М.Т, полицаец во сообраќајна полиција во Струга, на 5 јули половина час по полноќ во населбата Езерски Лозја,

БЕСПЛАТНО ПАРКИРАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПАРКИРАЛИШТА ЗА ЛИЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР

Советот на Општина Битола на денешната седница донесе Одлука за бесплатно паркирање на јавните паркиралишта на ЈП „Паркинзи“ за лица со аутистичен спектар. Повластената паркинг карта може да ја користат на следните

Николоски: Македонија воведува нов систем – 15 институции на едно место за побрз увоз и извоз

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информира дека започнува имплементацијата на новиот Национален едношалтерски систем, кој треба да донесе значително олеснување за компаниите и поефикасни процедури при увоз, извоз
Go toTop