Словенија: Бледскиот стратешки форум ќе се одржи на 2 и 3 септември

September 1, 2024
1 min read

БЛЕД (АА) – Меѓународната конференција „Бледски стратешки форум“ ќе се одржи на 2 и 3 септември 2024 година во Блед, Словенија, известува Анадолу.

Годинешната 19-та по ред конференција ќе се одржи под наслов „Светот на паралелните реалности“.

Овој форум е водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа и се одржува секоја година на крајот на летото во алпското опкружување на Бледското Езеро.

Конференцијата ќе обедини учесници од различни области, охрабрувајќи ги да разменуваат мислења и да генерираат идеи за решавање на сегашните и идните предизвици. Покрај тоа, конференцијата исто така нуди можност за средби и поврзување со регионални и глобални лидери.

Најавено е дека на форумот ќе учествуваат претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог Косово – Србија Мирослав Лајчак и бројни лидери од Европа и од регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Попов: Фијаско на Филипче пред МОН, 20-тина партиски активисти протестираа, наставниците не наседнаа на партијата која до пред 2 месеци беше власт

Следно

Доживејте ја убавината на Истанбул во златниот сјај на септемвриското сонце

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика
Go toTop