Документи потврдуваат, ја објавивме вистината за злоупотребите на Љутков, велат од СДСМ

June 6, 2025
1 min read

„СДСМ не може позитивно да одговори на барањето за извинување на министерот за култура и туризам Зоран Љутков затоа што ја објавивме вистината“, велат од СДСМ и додаваат:

Зарем очекува Љутков да му се извинуваме за тоа што СДСМ, а не тој, зборувавме за не исплатените плати на културните работници за Велигден кои тој ги остави сами себе?

Или очекува да му се извинуваме што ја соопштивме болната вистина за непочитување на колективниот договор ,според кој платите се зголемија само за 5,5 %, а требаше многу повеќе?

Дали Љутков очекува да му се извинуваме и затоа што го фативме жив на егзотичните патувања вредни над 50.000 евра, пари на граѓаните?

Или за неговото незаконско работење со унапредувања на негови блиски?

Дали очекува извинување затоа што објавивме низата скандали со државната секретарка Ѓоргова или за плановите за продажба на културното наследство?

Или мисли дека некој треба да му се извини затоа што Љутков нема објавено никаква стратегија или план за развој за културата и туризмот.

Она што го говори СДСМ е апсолутна вистина и затоа ги објавуваме документите кои го потврдуваат кажаното.

Очекуваме надлежните институции веднаш да преземат мерки за санкционирање.

Ние ќе продолжиме да ги објавуваме сите незаконски постапки, сите аздисувања на Љутков и гласно ќе говорите за неговата неспособност.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложба на фотографии за 75 години прилепски театар

Следно

СО ПРЕТСТАВАТА „12“ ВЕЧЕРВА СЕ ОТВАРА ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ВО ПРИЛЕП

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop