Доха Форум 2024: Итно потребни решенија за проблемите со кои се соочува светот

December 7, 2024
1 min read

ДОХА (АА) – Во главниот град на Катар денеска започна дводневниот Доха Форум 2024, кој се одржува на тема „Потреба од иновации“, а собра еминентни учесници од целиот свет, јавува Анадолу.

Премиерот на Катар и министер за надворешни работи шеик Мухамед бин Абдурахман Ал Тани говореше на отворањето на Форумот и истакна дека изборот на овогодинешната тема ја одразува потребата од нова визија која се занимава со предизвиците со кои се соочува човештвото.

„Итно ни требаат решенија за проблемите со кои се соочува светот. Обидот за решавање на проблемите со претходните традиционални пристапи само доведе до репродукција на истите потешкотии, а се покажува дека можеби и дополнително да ги влоши“, рече Ал Тани.

Истакнувајќи дека Форумот во Доха стана платформа за дијалог, но и глобална платформа која ги собира лидерите со цел да се соочат со предизвиците и да ги редефинираат решенијата, Ал Тани рече дека кризите во светот се интензивни како никогаш претходно и дека се потребни нови пристапи за мир, стабилност и развој.

Нагласи дека последиците од хуманитарната трагедија во Газа продолжуваат да се шират во Либан и Сирија, и дека треба да се вложат сите можни напори за итно ставање крај на оваа трагедија.

„Случувањата на кои сме сведоци денес во Газа се резултат на овој невиден циклус на насилства и човечки трагедии. Тоа претставува еклатантен пример на геноцид кој се одвива пред нашите очи, а кој ќе има сериозни последици што ќе ја загрозат стабилноста на целиот регион“, посочи Ал Тани.

Во рамките на Форумот во Доха врачени се признанија на шест новинари, нив ги врачи емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани.

Новинарите Ваел Дахдух, Мотаз Азаиза, Кармен Џоухадар, Дилан Колинс, Садаф Поползаи и Кристина Аси се наградени за нивната храбра и професионална работа во зоните на судири.

Форумот во Доха е глобална платформа за дијалог што ги обединува политичките лидери на разговори за клучните предизвици со кои се соочува светот и за креирање иновативни чекори ориентирани кон дејствување.

Форумот има за цел да ја зајакне соработката за поодржлив и помирен свет преку здружување на носителите на одлуки од сите страни на светот.

Меѓу суштинските партнери на Форумот во Доха е и Дипломатскиот форум во Анталија, кој турското Министерство за надворешни работи ќе го организира по четврти пат од 11 до 13 април 2025 година.

Анадолу е глобален комуникациски партнер на 22-то издание на Форумот во Доха.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Магла на патот Тетово-Попова Шапка

Следно

Министрите за надворешни работи на Туркије и Иран разговараа за Сирија во Доха

Latest from Blog

Го убил очувот со багер и веднаш го закопал

Сплитската полиција добила пријава непосредно пред 19 часот дека во градот Сеоце, во околината на Омиш, е извршено тешко кривично дело, тешко убиство. Како што неофицијално дознава „Слободна Далмација“, уапсен е млад

Легендата на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло ќе работи за Мекларен

Најуспешниот претседател во историјата на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, сега работи за Мекларен, иако станува збор за матичната компанија на тимот од Формула 1, „Мекларен Груп Холдингс Лимитед“. Лука, под чие водство

Мицкоски: По седум изгубени години – времето на Македонија допрва доаѓа!

По повод една година од владеењето на Владата, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави видео на својот фејбук-профил во кое вели дека по изгубените седум години, најдоброто доправа доаѓа.  Ви

Во Белград заврши литературното попладне одржано од студентите кои се противат на блокадите

Поддржувачите на властите во Србија се наоѓаат покрај шаторите поставени на платото пред зградата на Собранието каде одржаа литературното попладне организирано од Студенти 2.0 (Студентите кои се противат на блокадите). Во обраќање

Од понеделник потопло време со постепен пораст на температурата

Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневнaтa температура, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето утре во државата ќе биде претежно сончево со умерен до засилен
Go toTop