Додик: Република Српска не може и нема да се откаже од своите позиции

March 9, 2025
1 min read

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска повтори дека РС не може да се откаже од своите ставови.

Тој објави резиме од изминатата недела на социјалната мрежа Икс со порака дека „РС не може и нема да се откаже од своите позиции“, додавајќи дека РС е целосно посветена на мирот и стабилноста, како и на целосно почитување на Дејтонскиот мировен договор“.

„Постојано го повторуваме тоа, бидејќи ниту една наша акција нема да биде насочена кон нарушување на мирот. Наше право е да користиме политички средства за да укажеме на обидите на Сараево да воспостави неуставна и унитарна држава“, нагласи тој.

Додик наведе дека разговарал и со српскиот претседател Александар Вучиќ и со српскиот премиер во оставка Милош Вучевиќ, кои потврдиле дека „Србија силно стои со Република Српска“. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни

Следно

Јанев: Размислуваме за повеќе мерки за безбедноста во сообраќајот, во владина процедура дел од законските измени за „Безбеден град“

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop