Доделување на новинарските награди „Никола Младенов 2023“

March 19, 2024
1 min read

Македонскиот институт за медиуми денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2023“. Како што соопштија од МИМ, ќе бидат доделени наградите во три категории и тоа за: Најдобра истражувачка сторија, Најиновативен новинарски производ и Најдобра репортерска фотографија.

На годинешниот конкурс што беше објавен на 31 јануари и траеше до 26 февруари, 2024 во категоријата Најдобра истражувачка сторија пристигнале 39 стории, обработени во 175 текстови, односно видео прилози,15 стории обработени во 16 текстови, односно видео прилoзи, во категоријата Најиновативен новинарски производ и 21 фотографија во категоријата Најдобра репортерска фотографија.

Наградите за најдобра истражувачка сторија МИМ ги доделува традиционално од 2001 година, а од 2013 година наградата го носи името на угледниот новинар и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот МИТ во Ирак ја неутрализираше Рожда Билен, една од лидерките на терористичката организација ПКК

Следно

Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop