„Додека не се заврши со реорганизацијата, нема да има нов повик од ФИТР“, вели Додов

April 23, 2025
1 min read

Стопирано е се на планот за објавување на нов повик од Фондот за иновации и технолошки развој.

Вака директорот Никола Додов истакна во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21.

Според него, се додека не се заврши со реорганизацијата, нема да се објавуваат нови повици.

„Додека не се заврши со реорганизацијата, нема да има ништо на тој план. Временска рамка нема затоа што многу фактори зависат тука, многу правилници се во прашање, законот е во прашање. Во однос на ревизијата што ја спомнавте, ја започнавме некаде во септември и ги чекаме се уште. Во 2022 година се откриени многу грешки во работењето на Фондот, и да видиме што од тогаш до сега е направено и променето“, вели Додов.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мециновиќ во Аргумент плус: Левица на локалните избори ќе има кандидати во повеќе градови вклучително и за Град Скопје

Следно

Флик во Барселона до 2027

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop