Добиваме незамисливо многу информации за закани по безбедноста на НАТО-земјите од регионот, но превенцијата е беспрекорна, вели Ковачевски

November 22, 2023
1 min read

Премиерот додаде дека се работи за исклучително детални, навремени и систематични информации, а тоа, како што оцени премиерот, значи дека системот на превенција и на заедничко работење со централата на НАТО преку нашата претставничка мисија, но и директната соработка со земјите членки на НАТО, функционира на беспрекорно ниво

Безбедносната состојба во С Македонија е стабилна и не постојат никакви индиции за нејзино нарушување, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата по денешниот неформален состанок на лидерите на земјите членки на НАТО одговарајќи на новинарско прашање за безбедносната ситуација во земјава.

Димитар Ковачевски, премиер на РСМ

Сепак, тој сподели нешто за кое рече дека го кажува првпат откако е шеф на Владата.

„Нивото на информации коишто безбедносните служби на нашата држава ги имаат и ги споделуваат со партнерските безбедносни служби од земјите членки на НАТО – тука спаѓаат најразвиените држави во светот со најразвиени безбедносни механизми во светот – во однос на поединци, групи и организации кои сакаат да го нарушат нивото на безбедноста во која било земја членка на НАТО од регионот вклучително и нашата, е на ниво коешто е незамисливо за оние коишто не се во детали вклучени во вакви прашања“,

рече Ковачевски.

Додаде дека се работи за исклучително детални, навремени и систематични информации, а тоа, како што оцени премиерот, значи дека системот на превенција и на заедничко работење со централата на НАТО преку нашата претставничката мисија, но и директната соработка со земјите членки на НАТО, функционира на беспрекорно ниво.

„Затоа нашите граѓани треба да бидат и среќни и горди што живеат во земја членка на НАТО којашто има исклучително ниво на безбедност споредено со која било друга земја која не е членка на Алијансата“,

додаде тој.

Во воведното обраќање на прес-конференцијата, Ковачевски оцени дека земјите членки на НАТО од регионот, вклучително и С Македонија, се гарант на безбедноста во овој дел од светот, а како докажани сојузници од доверба, како што рече, заслужуваат да бидат дел и од ЕУ и целосно ќе го искористат својот потенцијал.

„Како сојузници, како демократи, како прогресивни лидери градиме еден нов регион и постојано го унапредуваме“,

рече Ковачевски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија годинава ќе ја заврши со суфицит од 75 милијарди долари

Следно

Маричиќ: Силната поддршка од нашите партнери е гаранција за успешно изодување на патот кон ЕУ

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop