Директорот на Агенцијата за филм на средба со филмските работници: Филмска продукција ќе има, продолжува поддршката на македонскиот филм

September 4, 2023
1 min read

Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, отворено зборуваше со филмските работници на неформална средба за две клучни прашања за филмските работници. Првото прашање околу продукцијата на македонски филмови годинава е апсолвирано бидејќи Агенцијата за филм е подготвена да ги финансира филмовите кои се најавени од продуцентските куќи како подготвени да тргнат со снимање, информираат од Агенцијата за филм.

Од почетокот на годината, Агенцијата за филм има исплатено 140 милиони денари на продукции на македонски филмови кои се во фаза на постпродукција. Причината зошто во првата половина на годината не се снимало филмови е лоцирана во индивидуални и различни причини внатре во продукциите.
Второто прашање е исходот од првиот рок на Конкурсот за филм. Фокусот беше ставен на транспарентно образложување на распределбата на расположливиот буџет на првиот конкурс, каде преку објективна валоризација, одлучено е да се поддржат најквалитетните филмови. Агенцијата за филм планира да воведе уште поголема транспарентност кога станува збор за конкурсите и начинот на вреднување на проектите. Исходот од минатиот конкурс е поддршка на 15 македонски филмови со мнозинско учество и 9 филмови со малцинско учество на македонски копродукции.
Одлуката зошто токму ваква распределба да се донесе на овој конкурс е поради оптимизирање на средствата и изнаоѓање на најдоброто решение за македонската кинематографија во период кога веќе 17 филмови се одобрени и треба да почнат со снимање (одобрени од претходните конкурси), кога буџетот претрпе намалување и конечно фактот што мора да се одржи баланс во учеството на Агенцијата за филм кај малцинските проекти кога македонскиот филм е многу повеќе помогнат од страна на регионалните и европски продукции.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бабунски: Се надевам дека ќе ѝ парираме на Италија

Следно

(ВИДЕО) Демонстранти фрлаа јајца кон Владата и обвинителството – „Ќе се најдат некои кои за пари ќе уништат живот на човек“

Latest from Blog

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана
Go toTop