Дина Јашари продолжува со освојување на европските музички сцени

November 4, 2024
1 min read

По успешната летна турнеја низ Балканот со настапи на четири островски фестивали и тоа  фестивалот “Там Там” на островот Хвар, “Зларин Стрит Фестивал”, фестивалот “МАРС” на Мљет и “LAstovo Otok Glazbe” музичкиот фестивал на Ластово, Дина Јашари продолжува понатаму со освојување на европските музички сцени.

На 6 ноември, Дина Јашари трио ќе се претстави со свој целовечерен концерт во познатата музичка концертна сала “Palac Akropolis” во Прага, како дел од премиерата на музичкиот документарен филм “Efterklang: Makedonium Band” каде и самата зазема учество. Дина Јашари Трио во Прага ќе настапат заедно со данскиот бенд Efterklang, со кои ќе се обединат повторно на сцената по настапот на Дина и Efterklang: Makedonium бендот на отворањето 21 издание на фестивалот на европски филм Синедејс во јули годинава.

Ден претходно, триото ќе настапи во културниот центар “Layerjeva hiša” во Крањ, Словенија, додека на 8 ноември, новосадската публика ќе има можност да го проследи настапот на триото во необичниот простор на “Bulevar Books”.

Последниот настап на Дина Јашари во Скопје беше за време на фестивалот Прво па Женско во Музеј на современа уметност на 1ви јуни 2024, каде за прв пат го претстави новото трио.  Триото е во подготовка на новиот музички материјал кој во вид на албум е планиран да биде издаден некаде кон средината на 2025 година.

Изминативе години, Дина Јашари постигна големи успеси  со бројни настапи во Македонија но и надвор од границите на државата на фестивали како “EXIT” (Нови Сад), “MENT” (Љубљана), “WIANKI” (Краков). Еден од поголемите настапи на младата музичка ѕвезда во подем е како предгрупа на бендот “Елементал” во огромната спортска сала “Шалата” во Загреб, по повод нивниот јублиеен концерт за 25 години постоење на бендот.

Во 2022 година Дина Јашари ја освојува и наградата Милан Младеновиќ за песната “Дома”.

Триото Дина Јашари е составено од Драган Теодосиев (тапани), Лука Тошев (гитара) и Дина Јашари како вокалистка и кантавторка.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА ПИСАТЕЛКАТА ОЛИВЕРА НИКОЛОВА, АВТОРКАТА НА „ЗОКИ ПОКИ“

Следно

Филипче: До 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, СДСМ поднесува закон за намалување на цени

Latest from Blog

7,89 милиони денари промет на Македонската берза: МБИ10 порасна за 0,58 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.048,96 поени. Во однос

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности Во светот повторно расте интересот за рударството. САД проценуваат дека во следната деценија

Коњановски: Заеднички ќе ги следиме мерките за заштита на животната средина во Битола

На иницијатива на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се одржа првата седница на Координативното тело за следење на имплементацијата на Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) на Општина Битола. Координативното тело

НАПАД СО НОЖ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ПОЛСКА: Повредени се најмалку осум лица, уапсен е 19-годишен ученик

Според најновите податоци, најмалку седум лица се повредени – од кои две потешко – во напад со нож во училиште во градот Остроленка во централна Полска во средата, објави полската радиостаница RMF.
Go toTop