Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг

October 4, 2024
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска не верува дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг. Во изјава за медиумите во Штип, министерката рече дека проекциите се и претпоставка е дека јавниот долг ќе изнесува 66 проценти.

– Тоа е максималниот износ, што е проектиран. Не верувам годинава дека ќе може да има намалување. Но, затоа работиме на промена на концептот, како ја гледаме иднината и како ќе ја развиваме економијата преку инвестиции, поголем економски раст. Секако дека полека ќе го консолидираме и јавниот долг, изјави Димитриеска-Кочоска.

Прашана за реакциите од одредени компании дека немаат редовен поврат на ДДВ, Димитриеска-Кочоска рече дека неможе да се согласи дека фирмите чекаат долг период.

– Ние секој месец вршиме поврат на ДДВ. Има компании кај коишто можеби подолго се чека, затоа што има одредени ситуации што дополнително треба да се испитаат. Идејата е дека најголемата злоупотреба што се случувала во изминатите седум години била токму во делот на повратот на ДДВ што значи дека во тој дел, одиме внимателно, уште еднаш со дополнителни проверки. Да не заборавиме од претходното раководство во Управата за јавни приходи има отворени налози во износ од повеќе од милјарда и четиристотини милиони денари по основ на стари предмети, посочи Димитриеска-Кочоска.

Истакна дека заедно со тим од Управата за јавни приходи работат на ваквите предмети и како што завршуваат, така и се врши повратот на ДДВ на фирмите.

За следната година во буџетот, како што изјави денеска Димитриеска-Кочоска, не се предвидени пари за ЕСМ. Се согласува дека ЕСМ е во страшно лоша состојба но, како што посочи, до крајот на наредната недела се чека да се склучи договор со домашните банки за кредитирање преку кои ќе ги затворат постоечките долгови, кои се повеќе од 100 милиони евра.

– Најважно од се е дека менаџментот на ЕСМ работи посветено и компанијата ќе има обезбедено подобри услови за идниот период за да си го сервисира кредитот што сега го зема, вели Димитриеска-Кочоска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тачи надвор од фронтот, но со Ахмети? – ДУИ уверува дека парламентарната група е целосна и функционална

Следно

Израел јави за ракетен напад од Газа, прв во последните два месеци

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop