Тачи надвор од фронтот, но со Ахмети? – ДУИ уверува дека парламентарната група е целосна и функционална

October 4, 2024
1 min read

Големи критики и повици беа упатени пред неколку дена на заедничката прес конференција на Европскиот фронт, каде меѓу другото беше упатен повик за обединување на сите албански партии за поставување на црвени линии за Христијан Мицкоски, но таму се забележа дека претседателот на ДПА, Мендух Тачи, не беше присутен. Отсуството на Мендух Тачи го образложи лидерот на ДУИ.

„Имал обврски, зборував и пред и после средбата, г. Тачи е на линија со Европски фронт, нема дилеми, но сега за да го ги покријат неуспесите, се занимаваат со терцијални прашања“, вели Али Ахмети.

Но, по ваквата изјава на лидерот на ДУИ, предводник на ЕФ, гласините дека Тачи ја напуштил оваа коалиција стануваат се почести.

Упативме прашање до ДПА, но ни рекоа дека моментално нема да коментираат ништо и дека следните денови Тачи ќе објасни се.

Со цел да дознаат повеќе, новинарите го прашаа и пратеникот на ЕФ, Блерим Беџети кој е и организационен секретар на ДУИ.

И во службен одговор од ДУИ потврдија дека „парламентарната група е функционална и функционира во полн состав“.

Но дали постои веројатност Тачи да стане дел од мнозинството? Изет Меџити од ВРЕДИ вели дека тој не води такви преговори, а додаде дека лидерите на Фронтот не ги поврзува некаква заедничка кауза.

А кога го прашавме за можноста пратениците на ЕФ да станат дел од мнозинството, Меџити рече дека „во периодот што следува ќе има повеќе информации во врска со тоа“.

Инаку, во прес конференцијата на ЕФ исто така не беа присутни и двајца претседатели на партиите кои се дел од оваа коалиција, претседателот на ДПТ, Бејџан Илас и Фатима Османовска од Унијата на Ромите.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Народен театар Битола уествува на Интернационален фестивал во Полска

Следно

Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг

Latest from Blog

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека
Go toTop