Димитриеска-Кочоска го повикува економскиот тим на опозицијата на средба

May 23, 2026
1 min read

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска го повикува економскиот тим на опозицијата на средба во Министерството за финансии.

Вели дека деновиве имало хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички конструкции.

„За економијата не се зборува со паника. За економијата зборуваат бројките. А токму со бројките опозицијата не стои баш добро. Последните две години не градиме држава од нула. Ние ја стабилизираме државата што ја оставивте со празна каса, натрупани долгови, нарушена доверба и институции кои предолго беа користени за тесни партиски и лични интереси. Да потсетам: Во јуни 2024 година државната каса беше оставена во исклучително тешка состојба. Од 2017 до 2024 година просечниот раст на БДП беше околу 1,8 отсто, најслабото темпо на развој во регионот. Во 2017 година јавниот долг изнесуваше 4,78 милијарди евра, а до вториот квартал од 2024 година достигна речиси 9 милијарди евра. Тоа е практично двојно зголемување на јавниот долг за време на владеењето на СДСМ. Наместо развој, граѓаните добија задолжување, инфлација, неизвесност и изгубени економски можности“, вели министерката.

Според неа, денес состојбата е поинаква. Објаснува дека во изминатите шест квартали економијата расте со околу 3 отсто, во време кога растот во Европската Унија е околу 1 отсто. Македонската економија во 2025 година бележи стабилен раст од околу 3,5 отсто.

„Платите растат со динамика близу 10 отсто. Бројот на нововработени лица расте. Капиталните инвестиции се реализираат на историски високо ниво. Ова не се бројки од партиски штаб. Ова се реални економски показатели. Министерството за финансии има јасна стратегија и одговорна политика за управување со јавниот долг. Секој чекор се прави врз основа на анализи, рокови на достасување, услови на пазарот и интересите на државата. Нема импровизација. Има домаќинско, внимателно и одговорно работење. Да бидеме уште поконкретни. Оваа Влада денес има огромен предизвик: истовремено да го финансира развојот и да ги сервисира старите долгови создадени токму во време на СДСМ. Минатата година беше отплатена еврообврзница од 500 милиони евра. Оваа година за отплата е еврообврзница од 700 милиони евра, исто така земена од владите на СДСМ. Половина од оваа обврска веќе е сервисирана, а остатокот ќе биде сервисираран во текот на јуни 2026 година. Од 2026 до 2031 година државата има обврска да сервисира околу 9 милијарди евра по основ на главнина и камати од стари долгови. Само од втората половина на 2024 година до првиот квартал од 2026 година беа обезбедени 1,2 милијарди евра исклучиво за сервисирање на еврообврзници земени од претходната власт. И тоа е само дел од обврските што достасуваат, покрај сите други обврски за проекти и задолжувања на домашниот пазар. Затоа јавноста треба да знае: денес ние не се задолжуваме за луксуз, ниту за политички маркетинг. Денес мораме истовремено да враќаме стари долгови, да обезбедуваме ликвидност, да инвестираме во капитални проекти, да поддржуваме повисоки плати и пензии и да ја стабилизираме економијата“, додава министерката.

Но, СДСМ денеска обвини дека заемот од 260 милиони евра што сака да го земе Владата ќе ја чини државата дополнителни 20 милиони евра за камати.

Претседателот на партијата, Венко Филипче на прес-конференција рече дека скапите задолжувања на Владата ќе ја чинат државата дополнителни камати, а товарот ќе го сносат граѓаните.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столе и Валенсија ја средија Барса, Хетафе последен до Европа

Следно

Индија е погодена од топлотен бран- регистрирани се над 300 случаи на топлотен удар

Latest from Blog

(ВИДЕО) Трамп се фалеше, а Макрон остро возврати „ВРАЌАЊЕ НА ЗАКОНОТ НА ЏУНГЛАТА“

Францускиот претседател Емануел Макрон ги оспори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека обезбедил мир во Појасот Газа, велејќи дека и покрај прогласениот мир во енклавата, не е повторно отворен никаков хуманитарен

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop