Дигитализацијата на услугите во земјава, десет години зад развиените земји

1 min read

Македонија доцни повеќе од една деценија зад развиените земји во однос на обезбедување дигитални услуги за своите граѓани, и покрај фактот што процесот на дигитална трансформација започна пред 20 години. На доста ниско ниво се и малкуте услуги кои се нудат дигитално, додека во земјава се уште има институции кои немаат ниту компјутер. Универзитетскиот професор Марјан Гушев нагласува дека состојбата со процесот на дигитализација е сериозна, а проблемот е во немањето политичка волја.

Гушев вели дека надлежните треба повеќе да се заложат за подобрување на состојбата, бидејќи проблемот не е само во гласањето закони или објавување тендери.

Од друга страна, Европската комисија во однос на процесот на дигитализација, две години по ред и препорачува на Македонија да ја усвои Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија, но и Стратегијата за сајбер безбедност. Земјата треба да го усогласи и законодавството со она на ЕУ. Минатиот владин и парламентарен состав и покрај неколкугодишните ветувања, не го изгласа Законот за безбедност на мрежи и информациски системи и дигитална трансформација со кој беше предвидено формирање на Дигитална агенција. Се очекуваше агенцијата да биде водечка институција во процесот на дигитализација на услугите, обука на граѓаните, но и заштита на институциите од сајбер напади, кои беа чести во изминатиот период./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Извор: alsat.mk

Претходно

ХАРИС ЏИНОВИЌ БЕЗ ШЕШИР: На пејачот нема да му биде добро кога ќе дознае како е уловен додека седи во дворот од милионската вила, ова еднаш се случува!

Следно

Истражување во Финска покажа дека средношколски професори дискриминираат ученици со имигрантско потекло

Latest from Blog