Џафероски во СТУДИО 10: Филипче треба да покаже дека не е инструмент во нечии раце туку лидер со интегритет

July 2, 2024
1 min read

Воопшто не се сомневав как и поголемиот дел од членството дека д-р Филипче ја заслужува позицијата претседател на СДСМ. Сега во следниот период новиот претседател ќе треба да ја демантира перцепцијата на членството дека ќе биде инструмент во нечии раце туку ќе биде лидер кој бргу ќе ја консолидира партијата, вели Аднан Џафероски, поранешен член на ИО на СДСМ, во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Јас укажував дека раководство во оставка не може да организира партиски избори туку треба да има времено раководство задолжено само за спроведување внатрепартиски избори. Поради тоа бев отстранет од ЦО, за да не го кажам тоа јавно во партијата. Мене ме чуди што мојата сопартијка која не се согласи со мојот предлог на два дена пред изборите почна да го бара истото. Сепак, изборите се легитимни и претседателот е легитимен. Оние што сами се регистрираа, а не по инерција и автоматски, тие членов излегоа на гласањето. И тоа е нашето вистинско членство. Не е реално да имаме 80 илјади членови, реално е да имаме околу 15 илјади, вели Џафероски правејќи споредба со бројот на активно членство на партиите во Германија.

Џафероски вели дека очекува до следните внатрепартиски избори за 9 месеци Филипче ќе покаже дека има обединувачки квалитети.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потенцијално опасен астероид мина крај Земјата на далечина 300.000 километри

Следно

ИЗЛОЖБА, 4 ПРЕТСТАВИ И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА НА МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО ВО ПУСТЕЦ, АЛБАНИЈА

Latest from Blog

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски,
Go toTop