Џафери: Граѓаните да не подлегнуваат на манипулации, пасошите не се регулираат по принципот на возачките дозволи

February 14, 2024
1 min read

Претседателот на техничката Влада  Талат Џафери ги повикува сите политички субјекти и претседатели на партии во државата, во пресрет на изборите, да се водат исклучиво од државните и граѓанските интереси, да не наштетуваат на меѓународните позиции на државата и да не ги доведуваат во заблуда граѓаните со манипулации и невистини, соопшти владината прес-служба.

– Прашањето околу употребата на уставното име на државата во патните исправи е регулирано со Уставот на Република Северна Македонија и е дел од меѓународен договор. Оттука, несериозен, популистички и исклучиво во партиски интерес е наводниот повик да се поддржи законско решение со коешто би се продолжила важноста на патните исправи, по примерот на решението со возачките дозволи. Повиците за непочитување на Уставот на Република Северна Македонија и за непочитување меѓународни договори нанесуваат штета пред сѐ на граѓаните, со тоа што се доведуваат во заблуда, но и на меѓународниот углед на државата, се наведува во повикот на Џафери.    

Владата, како што се посочува, го презеде потребното и возможното и на вчерашната седница донесе одлука со којашто се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните, како и овозможување издавање без надомест на патните листови за сите државјани кои живеат надвор од државата, а имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на новороденчиња во Словенија е на историски најниско ниво

Следно

Србија со протестна нота до Хрватска поради палењето на куклата со ликот на Вучиќ (ВИДЕО)

Latest from Blog

Позитивен ден на берзата: Промет од 12,37 милиони денари и раст на МБИ10

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 26.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.859,39 поени. Во однос

Подолг работен ден во Германија? Се разгледуваат промени во работното време

Германија разгледува промени во организацијата на работното време, со кои ограничувањето би се пресметувало на неделно, наместо на дневно ниво. Предлогот би овозможил подолга работа во одредени денови, со почитување на вкупните

Божиновска за интерпелацијата: Благодарам што ми дадовте простор да го претставам сработеното

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во собраниската расправа за интерпелацијата поднесена од Левица порача дека ја прифаќа можноста да даде отчет за досегашната работа, но побара и од

Лина Настевска и Драган Николов од Скопје во финалето на Топ модел Европа

Скопје беше домаќин на балканското полуфинале на Топ модел Европа (Top Model Europe), кое неодамна се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност. Младите модели Лина Настевска и Драган Николов ги
Go toTop