Девојка почина по судири меѓу навивачи на Палмеирас и Фламенго

July 11, 2023
1 min read

Млада Бразилка почина денеска во болница во Сао Паоло, два дена откако беше тешко повредена во пресметка меѓу навивачи на фудбалските клубови Палмеирас и Фламенго.

Двете навивачки групи се судрија пред големото бразилско дерби меѓу Палмеирас и Фламенго кое се одигра во неделата, а 23-годишната Габриела Анели беше тешко повредена додека чекаше да влезе на стадионот

Локалните медиуми јавија дека девојката во тешка здравствена состојба била пренесена во болница со расекотина во пределот на вратот, откако била погодна со стаклено шише.

„Не можеме да прифатиме 23 – годишна девојка да биде жртва на варварство во опкружување кое треба да биде забавно. Ја изразуваме нашата солидарност со семејството на девојката и бараме итна истрага за ова злосторство“, соопшти Палмеирас.

Во судирите пред стадионот на Палмеирас беше нападната и полицијата, која употреби солзавец за да воспостави ред. Солзавецот се прошири и на теренот, поради што судијата во два наврати во првото полувреме мораше да го прекине натпреварот кој на крајот заврши нерешено 1-1.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес во БиХ, почувствуван и во Хрватска: „Силен удар, а потоа силно тресење“

Следно

Земјотрес го погоди централниот дел на Србија

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop