(ФОТО) Тинејџерот чија смрт ја крена Франција на нозе е погребан на локалните гробишта во Нантер

July 1, 2023
1 min read

Приватниот погреб, како што јави Си-ен-ен, помина мирно и во тишина. На барање на семејството, ниту една новинарска екипа не присуствувала на погребот на тинејџерот, велејќи дека сакаат во мир да оттагуваат за смртта на момчето

Во кругот на семејството и пријателите денеска на локалните гробишта во париското предградие Нантер беше погребан 17-годишниот тинејџер Нахел, кој беше убиен од страна на француската полиција, а чија смрт предизвика големи немири во Франција изминатите неколку дена.

Приватниот погреб, како што јави Си-ен-ен, помина мирно и во тишина.

Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Богослужбата во џамијата во Нантер почнала напладне, а ковчегот со телото на момчето потоа бил однесен на локалните гробишта. Околу џамијата имало силно обезбедување.

На барање на семејството, ниту една новинарска екипа не присуствувала на погребот на тинејџерот. Адвокатите на роднините побарале од новинарите да се држат настрана од церемонијата, велејќи дека семејството на Нахел сака во мир да оттагува за смртта на момчето.

Убиството на тинејџерот од страна на припадник на француската полиција доведе до масовни немири во Франција изминатите неколку дена. Неговата смрт ги разгоре долготрајните поплаки од сиромашните и расно мешаните урбани заедници за полициското насилство и расизмот.

Во насилните протести само изминатата ноќ беа приведени над 1 300 луѓе, а повредени 79 полицајци. Запалени се околу 1 350 автомобили, а опожарени или оштетени се 234 објекти.

За справување со нередите се ангажирани околу 45 000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери.

Поради тензиите кои ја зафатија земјата, претседателот Емануел Макрон ја одложи својата официјална посета на Германија која требаше да биде прва на француски претседател по 23 години.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Деветти протест „Србија против насилството“

Следно

Маркус Турам потпиша за Интер

Latest from Blog

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се
Go toTop