Десетиот пакет санкции на ЕУ кон Русија опфаќа 121 лице и фирми

February 25, 2023
1 min read

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика истакнува дека со санкциите се опфатени и одговорните за присилната депортација и посвојувањето на најмалку 6 000 украински деца

Европската Унија и формално го усвои десетиот пакет санкции кон Русија поради војната што оваа земја ја започна во Украина.

Се смета дека е најдалекусежниот пакет досега и со него се опфатени 121 лице и фирми.

Синоќа, шведското претседателство со ЕУ соопшти дека е санкциите се одобрени, а денеска за нив се огласија и високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Унијата, Жозеп Борел, и претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

Борел посочи дека санкциите значат нови ограничувања за извор и увоз од Русија, забрана за руската пропаганда, уништување на руската воена машина, а истакнува дека со санкциите се опфатени и одговорните за присилната депортација и посвојувањето на најмалку 6 000 украински деца.

„Остануваме обединети во нашата решеност да ја уништиме руската воена машина. Како дел од нашите списоци, ги таргетираме и оние кои се одговорни за депортацијата и принудното посвојување на најмалку 6 000 украински деца. Ова е јасно кршење на меѓународното право, вклучително и Женевската конвенција“,

вели Борел.

Претседателката на ЕК, пак, очекува овој пакет санкции да ги притисне оние што ги заобиколуваа досегашните санкции.

„Го поздравувам официјалното усвојување на нашиот 10. пакет санкции против Русија. Ги имаме најдалекусежните санкции досега – исцрпување на воениот арсенал на Русија и загризување длабоко во нејзината економија. Исто така, го зголемуваме притисокот врз оние кои се обидуваат да ги заобиколат нашите санкции“,

вели Фон дер Лајен.

Дека ова се најдалекусежните последици, синоќа процени и шведското претседателство.

„Заедно, земјите-членки на ЕУ ги воведоа најсилните и најдалекусежни санкции досега за да ѝ помогнат на Украина да победи во војната. ЕУ е обединета со Украина и со украинскиот народ. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека е потребно“,

објави шведското претседателство со ЕУ на Твитер.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ одобри нов пакет санкции кон Русија

Следно

Мицкоски: Власта на СДС и ДУИ да престане да ја мачи македонската јавност и да прифати избори на кои ќе се понудат решенија за проблемот во кој тие ја втурнаа Македонија

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop