ЕУ одобри нов пакет санкции кон Русија

1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Земјите членки на Европската Унија (АА) одобрија нови санкции кон Русија доцна синоќа со нови трговски забрани и контроли на извозот на производите и технологијата што можат да се користат во цивилна и воена намена, известува Анадолу.

„Денес ЕУ го одобри 10. пакет санкции кон Русија“, наведе Владата на Шведска, претседавачот со Европската Унија, на годишнината од почетокот на војната во Украина.

Во соопштението се наведува дека новиот пакет носи нови извозни ограничувања за производи со двојна намена и технолошки производи, а вклучени се и рестриктивни мерки против поединци и организации кои ја поддржуваат војната и шират пропаганда или ѝ испорачуваат воени беспилотни летала на Русија.

ЕУ најави и продолжување на поддршката за Украина сè додека таа биде потребна.

Иако сите детали за новиот пакет санкции уште не се обелоденети, предлогот што минатата недела го подготви Европската комисија вклучува и забрана на извоз во вредност поголем од 11 милиони евра. Земјите членки на ЕУ три дена преговараа за пакетот санкции за што беше потребно едногласно одобрување.

За првпат организации од трети земји се вклучени во опсегот санкции кон Русија за производи со двојна намена, а на пописот се наметнати и некои ирански институции.

Пакетот вклучува и нови мерки за спречување на кршењето или заобиколувањето на постојните санкции.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ СЛОВАЧКИ РЕЖИСЕР ЈУРАЈ ЈАКУБИСКО

Следно

Десетиот пакет санкции на ЕУ кон Русија опфаќа 121 лице и фирми

Latest from Blog