Десет европски земји го повикаа Израел да го запре уривањето на домовите на Палестинците

1 min read

РАМАЛА (АА) – Десет европски земји го повикаа Израел да ја запре политиката на уривање домови и конфискација на имотите на Палестинците на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Повикот дојде во заедничката изјава објавена од генералните конзулати на Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, Велика Британија, Данска, Финска, Германија, Ирска и Канцеларијата на претставникот на Европската Унија за Западниот Брег и Газа.

Во изјавата се повикува „Израел, како окупаторска сила, да ги запре целата конфискација и уривања и да им даде непречен пристап на хуманитарните организации на окупираниот Западен Брег, вклучително и Источен Ерусалим“.

Исто така, се повикува и Тел Авив „да ги врати или компензира сите хуманитарни предмети финансирани од конзорциумот донатори“, во врска со уривањето згради од страна на Израел финансирани од Европската Унија од 2015 година, проценети на 1.291.000 евра.

Десетте земји „силно го осудија неодамнешното уривање на училиштето финансирано од донатори во Џубет Ад Диб“ и ја изразија „својата голема загриженост поради заканувачкото уривање на уште 57 училишта на Западниот Брег“.

Израел нашироко го користи изговорот дека немаат градежни дозволи за да ги урива палестинските домови, особено во областа Ц, која е под контрола на израелската армија.

Според Договорот од Осло од 1995 година меѓу Израел и Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Западниот Брег, вклучително и Источен Ерусалим (Источен Кудс), беше поделен на три дела – Област А, Б и Ц.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Филхармонија со црвени ленти го заврши последниот концерт, тие се црвен картон за Министерството за култура

Следно

Нова опрема за комуналното претпријатие во Петровец

Latest from Blog

Кој е Роберт Фицо?

Словачкиот премиер Роберт Фицо (59) е во критична состојба откако беше ранет во пукање по политички