Бислими ја оцени како неуспешна средбата за српскиот динар во Косово

May 15, 2024
1 min read

Главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими ја оцени како неуспешна денешната средба во Брисел, на која двете страни со посредство на Европската унија уште еднаш се обидоа да најдат решение за финансиските дознаки за косовските Срби од Србија, по одлуката на централната канцеларија на Банката на Косово за забрана за користење на српскиот динар во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи им се на новинарите по средбата со српскиот главен преговарач, директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ и со емисарот на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак, Бислими рече дека српската страна на средбата дошла со нови предлози во врска прашањето, а не со одговор за предлозите што Лајчак ги изнесе на претходната средба.

„Нема логика повторно да се среќаваме на оваа тема. Затоа што Србија не е заинтересирана за решение. На извесен начин, ова беше заклучок и на Лајчак, кој рече дека ‘нема да ве повикувам повеќе, но ако сакате да бидете конструктивни, можеме повторно да ја разгледаме можноста за нова средба’“, изјави Бислими.

Тој потсети дека на последната средба е постигнат договор двете страни да ги изнесат своите коментари за предлозите на Лајчак од претходната средба.

– Тие (српската страна) го испратија својот предлог. Во нашите предлози видовме точки каде што можеме да направиме компромиси и да се зближиме, додека во Србија има тенденција да се оддалечи од претходните позиции“, рече косовскиот главен преговарач, оценувајќи дека „тоа докажува дека за Србија прашањето не е нешто итно“.

Тој рече дека, врз основа на предлогот на Србија, може да се заклучи дека „таа држава има две цели“:

„Да се легитимираат незаконските паралелни структури и да се обезбеди нетранспарентност во исплаќањето“, рече Бислими.

Тој рече дека од третата средба (денешната беше петта по ред во врска со прашањето на српскиот динар) нема напредок од страна на српскиот тим. Според Бислими, „тие едноставно се повлекоа“.

Српскиот главен преговарач, Петар Петковиќ, како што јави Радио Слободна Европа, по средбата изјави дека Србија изнела „шест нови конструктивни предлози“, но дека Приштина ги отфрлила сите.

„Не ја затворивме вратата за разговори, затоа што сакаме да најдеме решение“, изјави Петковиќ.

На 1 февруари годинава стапи во сила правилникот на Централната банка на Косово, според кој еврото, согласно косовскиот Устав, станува единствена валута за готовински плаќања во земјата. Оваа одлука предизвика реакции од српската заедница во Косово, но и од офцијален Белград, со оглед дека многу припадници на српското малцинство примаат плати, пензии и други социјални надоместоци од Србија, а тоа досега се вршеше со динари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кој е Роберт Фицо?

Следно

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата, предлага повеќе од две

Latest from Blog

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите
Go toTop