(ВИДЕО) Една жена загина, а над десет лица се повредени во ракетниот напад на ХАМАС врз јужниот дел на Израел

October 7, 2023
1 min read

ХАМАС ја презема одговорноста за ракетниот напад кој рано утринава се одвиваше во јужниот и централниот дел на Израел. Ракетите биле испратени од појасот Газа, а покрај ракети, медиумите јавуваат дека вооружени лица се инфилтрирале на територијата на Израел

Високиот воен командант на Хамас, Мохамед Деиф го најави почетокот на нападот на медиумите кои се поврзани со оваа организација, повикувајќи ги сите Палестинци да земат оружје и да се борат, пренесува Ројтерс. Тој изјавил и дека ова ќе биде денот на најголемата борба и последен ден од окупацијата на Палестина.

Во меѓувреме, израелската војска прогласи воена состојба, а високи воени претставници изјавија дека Хамас ќе се соочи со последиците за случувањата. На населението кое живее во нападнатите региони им е наредено да останат во своите домови, а поради големиот број испукани ракети, отворени се и скривници.

„Израелската војска објавува воена состојба. Дојде до широко распространување на ракетен оган врз израелска територија од Газа, а терористите се инфилтрирале на територијата на Израел на неколку влезни места. Израелските граѓани на југот и централниот дел од земјата треба да останат во безбедни простори“,

се вели во соопштението на израелската војска.

Како резултат на нападите загина една жена, а повредени се 16 лица од кои две лица се во критична состојба. Во градот Тел Авив, според израелските медиуми, директно била погодена станбена зграда, а во градот биле запалени и десетици возила. Вооружените напаѓачи отвориле оган и во градот Сдерот на југот на Израел, каде во моментот се водат улични битки помеѓу израелските војници и припадници на ХАМАС.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ден на бесплатни стрипови

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Белосветскиот криминалец и бизнис партнер на Артан Груби, влегува во милионски бизнис со македонска Лотарија, зошто ЈО се уште молчи и не отвора истрага?

Latest from Blog

ЕУ подготвува поголеми вложувања во критични минерали – Македонија има само една активна инвестиција

Европската Унија планира во следниот седумгодишен буџет да одвои повеќе средства за зајакнување на сопствената независност во снабдувањето со критични минерали. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, повика новата финансиска

Божиновска во Велес: Стручното образование е клучна основа за идниот развој на Македонија

По повод почетокот на новата учебна година, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, каде што се сретна со директорот Горан Богоевски,

Делфино Мобилити Груп со брендовите SIXT, Geely и Lynk & Co реализираше општествено одговорна иницијатива за побезбеден почеток на 200 првачиња

Преку активноста „Безбедно до училиште, среќно во новите авантури!“ компанијата придонесе кон раното градење сообраќајна култура и безбедни навики кај децата Грижата за заедницата започнува со препознавање на темите што се важни
Go toTop