Дел од транспарентите што ги носат демонстрантите се со пораки: „Нема предавање“ и „кој го издаде Косово, ќе ја издаде и Русија“
Српските десничари, кои денеска попладне излегоа на протест пред Претседателството поради западниот план за Косово, ја срушиле оградата и се приближиле до зградата извикувајќи „каде е Вучиќ“ и „предавство, предавство“.
Како што јавува телевизијата Н1, тие стојат пред еден од влезовите на претседателството, а пристигнала и полиција со опрема за разбивање демонстрации.
Демонстрантите и кон нив извикуваат „фрлете ги штитовите“ и „Косово е срцето на „Србија“.
Протестот започна вечерва околу 18 часот со собир кај споменикот на цар Николај од каде демонстрантите се упатија кон зградата на Претседателството.
Дел од транспарентите што ги носат демонстрантите се со пораки: „Нема предавање“ и „кој го издаде Косово, ќе ја издаде и Русија“.
Демонстрантите носат српски, но и руски знамиња, а на претседателот Александар Вучиќ му се испраќаат пораки да поднесе оставка или да ја промени својата политика кон Косово.
Меѓу познатите лица што се забележани на протестот се е членот на претседателството на движењето „Татковина“, Марко Јакшиќ, поранешниот водач на движењето „Образ“, Младен Обрадовиќ, и еден од организаторите на протестот и поранешен член на Српската радикална партија, Дејан Мировиќ.
Извор: 360stepeni.mk