Делегација на МПЦ-ОА ќе присуствува на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти

January 4, 2023
1 min read

Погребната церемонија, како што соопшти Ватикан, „ќе биде свечена, но трезвена“. Таа ќе се одржи в четврток во 9:30 часот изутрина на плоштадот Свети Петар

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) најави дека нејзина делегација ќе присуствува на погребот на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти кој ќе се одржи утре на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Во изјава за МИА, од МПЦ-ОА велат дека делегацијата што ќе присуствува на погребот е во состав на митрополитот тетовско-гостиварски, епископот Јосиф, придружуван од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски.

Погребната церемонија, како што соопшти Ватикан, „ќе биде свечена, но трезвена“. Таа ќе се одржи в четврток во 9:30 часот изутрина на плоштадот Свети Петар.

Иако претставници од повеќе христијански цркви најавија дека ќе имаат официјални претставници на литургијата за почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, Асошиејтед прес (АП) претходно деновиве објави дека бројот на делегации и верници присутни на погребот нема да биде ни приближен до оној од 8 април 2005 година, кога беше погребан папата Јован Павле Втори.

Погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти, сепак, ќе остане запишан во историјата на црквата, но и на светот, како досега уникатен настан бидејќи еден папа (папата Франциск) ќе ги води мисата и погребот на друг папа, односно неговиот претходник.

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина на последниот ден од 2022 година на 95-годишна возраст.

Тој ја водеше Католичката црква помалку од осум години и во 2013 година стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј Дванаесетти во 1415 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вести од маргините на 2022

Следно

Постапката за рекламација кај поштенски оператор не ја знаат 77 проценти од корисниците

Latest from Blog

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денес Македонија ја градиме со проекти, автопати и железници

Од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол

Коњановски од Трново: Да се вратиме дома и заедно да ја развиваме Македонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на 55. Семакедонска средба што традиционално се одржа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, испраќајќи порака за единство,

Израелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023

 Како што е осоопштено, терористот на Хамас, кој го нападна кибуцот Нир Оз во јужен Израел за време на нападот на 7 октомври 2023 година, е убиен во израелски напад врз јужниот

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени

Пелинце, 2 август – Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат
Go toTop