Дејан Продановски: Модерен, зелен и економски силен Прилеп за сите граѓани

September 29, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Продановски, денеска на почетокот на кампањата истакна дека овие избори не се само политички натпревар, туку избор за подобро секојдневие на граѓаните.

„Овие избори се однесуваат на тоа дали ќе имаме подобри улици и училишта, чисти паркови, модерна болница и иднина за нашите деца овде, во Прилеп“, порача Продановски.

Тој додаде дека во трката влегува со силен тим, одлична програма и поддршка од Владата на Република Македонија. „Ќе бидам градоначалник кој е посветен, достапен, кој слуша и работи за секој граѓанин. Ќе бидам ваш човек, човек од Прилеп, човек за Прилеп“, изјави кандидатот.

Посебен акцент Продановски стави на инфраструктурата, најавувајќи дека изградбата на обиколниците „Исток“ и „Запад“ е приоритет број еден за да се растерети сообраќајниот хаос во градот, да се намали загаденоста и да се обезбеди побрз транзит.

Со поддршка од Владата и Министерството за транспорт и врски, тој најави и реализација на големите патни решенија кон Битола и кон Скопје, со што, како што рече, „Прилеп ќе стане град со подобра поврзаност и ќе влезе во нова ера на развој“.

Продановски ја претстави својата визија за Прилеп како модерен, зелен и економски силен град со инвестиции во образование, спорт, култура, туризам и здравство.

„Ќе работиме младите да изберат да останат овде, а постарите да имаат достоинствен и мирен живот. Со вашата поддршка, ќе изградиме град кој ќе биде вистински избор за секој граѓанин и за иднината на сите нас“, порача Продановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хали Бери: Почитувајте го вашето тело и тоа ќе ве награди

Следно

Ѓорѓиевски ја промовира еднаквоста во образованието со донација за учениците

Latest from Blog

Белата куќа: Нема закана од Иран за напади на американска територија, натписите на ABC се лажни

Реакцијава доаѓа откако ABC News објави дека ФБИ ги предупредило полициските одделенија во Калифорнија за можна иранска одмазда за американско-израелските напади врз Иран. Според извештајот, Иран наводно би можел да се обиде

Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата, како и на редовни парламентарни избори во 2028 година

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека фокусот на Владата е на консолидирањето и економскиот раст, како и на редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2028 година. Мицкоски во интервју за

Малиновски: Државниот јавен обвинител треба да се бира со двотретинско мнозинство, но ниту една власт досега не посегнала по таква интервенција

Идејата за двотретинско гласање при изборот на државен јавен обвинител одамна се провлекува и таа е доста квалитетна сугестија, меѓутоа ниту една власт која го носи законско решение не посегнува по таква
Go toTop