Ѓорѓиевски ја промовира еднаквоста во образованието со донација за учениците

September 29, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, го посетија ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ во Скопје.

Тие реализираа донација на нови униформи и ранчиња со училишен прибор за учениците со оштетен вид, кои, како што истакнаа, ја покажуваат вистинската храброст во секојдневната борба за знаење и еднакви можности. Претходно, учениците добија и книги на Брајово писмо, ретки и недостапни изданија кои значително ја подобруваат нивната образовна практика.

„Особено ни е чест што бевме покровители на ‘Археолошката Брајова азбука’, издание кое им ја приближува археологијата на децата на еден посебен и пристапен начин“, рече Ѓорѓиевски.

 

 

Тие нагласија дека со љубов, посветеност и искрена поддршка можеме да создадеме еднакви услови за секое дете, додавајќи дека „секој ученик заслужува можност да учи, да сонува и да ја гради својата иднина“.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дејан Продановски: Модерен, зелен и економски силен Прилеп за сите граѓани

Следно

Општина Битола продолжува со инвестиции за квалитетно образование

Latest from Blog

Проданоски: Реконструкција на „11-ти Октомври“ – нови тротоари, велосипедски патеки и осветлување во Прилеп

Градоначалникот Дејан Проданоски најави реализација на значаен инфраструктурен проект на улицата „11-ти Октомври“ во Прилеп, со кој ќе се изврши реконструкција на тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување. Проектот се спроведува во

Барбарез за потценувачките изјави на Тим Хауард: Не знам кој е тој

ФОТО:.nfsbih.ba/ Сергеј Барбарез, селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, на прес-конференција го најави натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против САД. Натпреварот против домаќините на турнирот ќе се игра во

ПУТИН ЌЕ НАПАДНЕ ОД БЕЛОРУСИЈА? – планови за итен пад на Киев!

Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, во интервју за украинската телевизија „ТСН“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му наложил на рускиот Генералштаб да ги пресмета различните опции за спроведување на
Go toTop