Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд

January 11, 2025
1 min read

Данската влада предложи купување на два нови арктички истражувачки брода и зголемување на бројот на патроли со санки за кучиња, со цел да се зајакне военото присуство на Гренланд, пренесуваат британските медиуми.

Освен тоа, владата предложи надградба на аеродромот во Кангерлусуак, поранешна американска воена база во западен Гренланд, за да се сместат борбените авиони Ф35, пренесуваат британските медиуми.

Данска веќе одвои 400 милиони долари за зголемување на активностите за надзор и разузнавање на Арктикот и во северните делови на Атлантскиот Океан со помош на дронови со долг дострел.

Претходно неделава, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека САД сакаат да ја преземат контролата врз територијата на Гренланд, која е дел од Данска.

Премиерот на Гренланд ,Мут Б. Егеде, кој се залага за нејзина независност, рече дека Гренланд мора да остане обединет, а ги повика Гренландѓаните да не паничат.

Данска има ограничени воени капацитети на Гренланд, кои во моментов вклучуваат четири бродови, авион за набљудување и 12 патроли со кучиња. Традицијата на користење на санки за кучиња на Гренланд датира од Втората светска војна, кога патролата беше специјализирана единица на Кралската данска морнарица.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет интерпелации во еден ден, помина само една, но според Кабинетот на претседателот на Собранието, нема обврзувачки последици

Следно

Аерозагадувањето e причина за сите респираторни тегоби, ординациите се преполни

Latest from Blog

Милан има нов напаѓач

Екипата на Милан успеа да го обезбеди на позајмица во моментов играчот на англискиот Вест Хем, германскиот интернационалец, Никлас Филкруг. Договорот, е сите трошоци на име на плата на напаѓачот да ги
Go toTop