Дани Алвеш осуден на 4,5 години затвор

February 22, 2024
1 min read

Судот во Барселона го осуди Дани Алвеш (40) за случајот за силување на последниот ден од 2022 година.

На бразилскиот фудбалер му се закануваа максимални 12 години затвор, а шпанските правосудни органи одлучија да го осудат на четири ипол години.

Во пресудата е предвидена и условна казна од пет години, која ќе стапи на сила по завршувањето на затворската казна, додека против оштетениот ќе има мерка притвор од девет години, која ќе треба да ја надомести со 150.000 евра.

Претходните 13 месеци Алвеш ги помина во затвор како превентивна мерка наредена од Судот. Тој имаше две недели да ја изнесе својата одбрана пред судот, а на оваа пресуда има право на жалба.

Алвеш е обвинет дека принудил 23-годишна девојка на секс во тоалет на ноќен клуб во Барселона ноќта на 31 декември 2022 година. Во текот на судењето беа сослушани триесет лица, меѓу кои и жртвата, која сведочеше зад затворени врати.

Алвеш од почетокот до крајот остана на ставот дека не е насилен човек и дека сексуалниот чин бил на желба на двајцата. Оштетената, сепак, тврдеше дека Алвеш ја заклучил во тоалетот таа ноќ и таму ја силувал.

Набрзо по апсењето на Алвеш, шпанскиот суд му одреди притвор на фудбалерот без право на кауција поради стравувањата дека може да побегне во Бразил, кој нема потпишан закон за екстрадиција со Шпанија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И граѓани и партијци дадоа поддршка на Силјановска – Давкова пред да се каже дека таа е кандидат за претседателската трка

Следно

ФОТО: На нејзината среќа и нема крај! Голема прослава во домот на оваа пејачка, а има и зошто!

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop