Дачиќ: Србија не поддржува воведување санкции против Русија

February 24, 2023
1 min read

Се залагавме против нарушувањето на територијалниот интегритет кога станува збор за Украина, Шпанија и Кипар, бидејќи тоа е нашиот основен принцип, кој важи и за Косово, рече Дачиќ

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ изјави дека Белград смета дека е погрешно да се нарушува територијалниот интегритет на која било земја, но дека не го поддржува воведувањето рестриктивни мерки против Русија.

„Се залагавме против нарушувањето на територијалниот интегритет кога станува збор за Украина, Шпанија и Кипар, бидејќи тоа е нашиот основен принцип, кој важи и за Косово“,

изјави Дачиќ за новинарите по средбата со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, јави агенцијата ФоНет.

Дачиќ рече дека претседателот Александар Вучиќ, во понеделник во Брисел, го очекува „ужасно тежок ден“ поради разговорите за Косово.

„Граѓаните и политичарите во Србија не се свесни за ситуацијата во која се наоѓаат Вучиќ и Белград“,

рече Дачиќ.

Тој изјави дека Вучиќ ги информирал меѓународните претставници дека нема да се согласи со признавање на независноста на Косово или со влез на Приштина во Обединетите нации.

„Заедницата на српските општини (ЗСО) на Косово не е тема за која повторно ќе се преговара, туку таа треба да се формира врз основа на Бриселскиот договор. Косовскиот премиер Албин Курти не ја споменува ЗСО, но нејзиното создавање мора да претходи на секој договор“,

изјави Дачиќ пред средбата во Брисел, каде ЕУ очекува Белград и Приштина да го прифатат договорот за Косово.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, и покрај противењето на некои делови и контурите на предложените решенија во француско-германскиот план за Косово, кој ЕУ го усвои како свој, го потврдија учеството во новата рунда дијалог.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Силувачите на девојче во Косово добија вкупно 40 години затвор

Следно

Трет ден по ред ЕУ не можат да се договорат за десетиот пакет санкции кон Русија

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop