ДА ЈА ПОТТИКНЕМЕ УМЕТНОСТА ДА ЕДУЦИРА ЗА ДА МУ ПРКОСИМЕ НА КИЧОТ, РЕЧЕ ВИОЛИНИСТОТ КОСТОВ НА ОТВОРАЊЕТО НА ОХРИДСКО ЛЕТО

July 13, 2024
1 min read

Важно е да ја препознаеме силата на уметноста и да ја поттикнеме да ја шири својата есенција, да едуцира, да создава здрав звучен амбиент кој ќе му пркоси на шундот и кичот, рече виолинистот Владимир Костов на синоќешното отворање на 64. Охридско лето во Антички театар, пренесувајќа ја пораката во име на уметниците.

„Креативност не значи да бидеш различен, ниту комплексен. Креативност значи да бидеш едноставен како Бах, восхитувачки едноставен во лавиринтот на комплексната звучна полифонија. Справувајќи се со комплексноста на современиот свет, да не ја заборавиме важноста на уметноста во нашите животи. Да ги поддржуваме и славиме уметниците, да инвестираме во уметничката едукација и да бидеме сигурни дека уметноста ќе остане длабоко интегрирана во нашето општество“, рече Костов, концерт-мајстор во Филхармонијата.

Фестивалот го отворија литванскиот виолинист со светска кариера Џулијан Рахлин и Филхармонијата.

На програмата беа Концертот за виолина и оркестар во е-мол оп. 64 од Менделсон и класичната Увертира-фантазија „Ромео и Јулија“ од Чајковски. (Фото: Охридско лето)

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е и покровителка на фестивалот, прогласувајќи го за отворен, рече дека во музиката и во играта се вградени личната и колективната тага и радост, стремежот и надежта.

„Тука се изворот и причината за нашата страст кон пеењето и играњето. Уметноста е трезор на индивидуалната, но и на колективната меморија, влог во сегашноста, но и во иднината“, рече Сиљановска-Давкова.

Фестивалот го отворија министерот за култура Љутков и претседателката Сиљановска-Давкова. (Фото: Министерство за култура)

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кажа дека  Охрид и фестивалот Охридско лето, беа и остануваат епицентар на македонската култура во кој децении наназад се испреплетуваат илјадници културни збиднувања и настани.

Охридско лето ќе трае до 2о август, ќе има 36 уметнички настани, од кои 25 од областа на класичната музика, шест театарски претстави, едно стенд-ап шоу и по една изложба и промоција на книга.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Редовен годишен одмор за подолг живот

Следно

Отфрлено обвинението за убиство против Алек Болдвин, судењето е прекинато

Latest from Blog

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија носи побрзо движење и помалку гужви

„Одлуката за ставање во функција на системот „One Stop Shop“ на границата со Република Албанија претставува важен чекор кон модернизација на граничното управување и практично приближување на граѓаните на двете земји. ВЛЕН

Општина Битола организира втор граѓански форум за плоштадот „Гоце Делчев

Општина Битола ќе го организира вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој ќе бидат презентирани предлог-идеите за идниот изглед и уредување на овој значаен јавен простор. Форумот

Меси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!

Фото: ФИФА Х Лионел Меси постигна хет-трик за прв пат во историјата на Светските првенства една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светските првенства, Меси ги постигна

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска. За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката
Go toTop